Грав — едногодишно растение од семејството на бобовите (Fabaceae) со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (науч. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).
Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.
Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Во Македонија е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:
Растение на грав на нива во Скопско
Растение на грав на нива во Скопско
Нива со грав во Скопско
Нива со грав во Скопско
Нива со грав во Скопско
Нива со грав во Скопско
Нива со грав во Скопско
Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 386. ISBN 978-608-203-023-4.
Грав — едногодишно растение од семејството на бобовите (Fabaceae) со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (науч. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).
Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.
Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Во Македонија е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:
белковини (26%); масти (2%); јаглени хидрати (52%); минерални материи (2,5%); витамини (B1, B2, С, Е, К, PP) и аминокиселини.