Голема ласица или хермелин (науч. Mustela erminea) — животно кое спаѓа во семејството ласици.
Неговото снежнобело крзно со векови ги украсувало кралските наметки и денес сè уште се користи во индустријата за крзно. Големите ласици живеат во Северна Америка и северна Евроазија. Најчести се на местата покриени со грмушки, шумски и полушумски предели. Во лето тие се кафени, со бела боја на грлата, градите и стомаците. Долги се 13-30 см, од кои опашката е долга 5-12 см и тежат помалку од 0,3 кг. Големи месојадци, ласиците се хранат со мали цицачи, птици, јајца, жаби и понекогаш со без’рбетници. [2]
Голема ласица или хермелин (науч. Mustela erminea) — животно кое спаѓа во семејството ласици.