dcsimg

Јачмен ( Makedonca )

wikipedia emerging languages tarafından sağlandı
 src=
Hordeum vulgare

Јачменот (науч. Hordeum vulgare) се смета за еден од најстарите житарки во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели. Јачменот се дели на три врсти:

  1. дворедни (-{Hordeum distichum}-), кои најмногу служат за производство на пиво
  2. повеќередни (-{Hordeum polystichum}- и -{Hordeum vulgare}-);
  3. преодни (-{Hordeum intermedium}-)
 src=
Полиња со засаден јачмен во Св.Николе

Хранливи карактеристики

Јачменот е одличен извор на диететски влакна и содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни во намалувањето на холестеролот во крвта и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

 src=
Нива со јачмен кај селото Ајватовци, Скопско

Научниците утврдиле дека еден тип растворливи влакна, бета-глукан, е примарна компонента на јачменот која е одговорна за намалување на холестеролот.

Клиничките студии покаажале дека конзумирањето на целовитиот јачмен или јачменови производи како што се, јачменови зрна, јачменови житарици или јачменово брашно овозможуваат најмалце 3 грама бетаглукански растворливи влакна дневно, со делотворно смалување на вкупниот и ЛДЛ холестерол. Студиите исто така покажале дека со зголемувањето на дневното внесување на овие растворливи влакна, резултира уште поголемото смалување на вкупниот и LDL холестерол.

Една четвртина филџан неварено јачменово зрна (=отприлика една чаша варен јачмен) содржи околу 2,5 грама бета глукан растворливи влакна. Половина филџан неварени јачменови житарици содржи околу 2 грама бета глукан растворливи влакна.

Растворливите влакна се исто така користени за намалување и апсорбирање на шеќерот и намалување на ризикот од развивање на дијабетис тип 2.

Кага се во прашање нерастворливите влакна во јачменот, тие помагаат во воспоставување на редовно празнење на цревата и можат да помогнат во намалувањето на ризикот од одреден облик на канцер, како што е на дебелото црево. Осбено тоа конзумирање на храна богата со влакна може да го зголеми и продолжи чувството за ситост, што е важно за одржување на оптимална телесна тежина и превенција на гоење.

Холестерол и масти

Покрај сите билки, јачменот е природен без холестерол и има мал дел на масти. Половина чаша јечменови зрна содржат помалце и од ½ грам масти и само 100 калории.

Витамини и минерали

Јачменот содржи неколику витамини и минерали вклучувајќи го ниацин (витамин Б3), тиамин (витамин Б1), селен, железо, магнезиум, цинк, фосфор и бакар.

Антиоксиданти

Јачменот содржи антиоксиданти кои се исто така многу важни за одржување на доброто здравје. Антиоксидантите делуваат така што ја намалуваат стапката на оксидациското оштетување со собирање на слободни радикали кои настануваат кога телесните келии користат кислород.

Фитохемикалии

Јачменот содржи фитохемикалии што се природни хемикалии кои се наоѓаат во билките. Студиите покажале дека фитохемикалиите можат да го намалат ризикот од заболување од одредени срцеви болести, дијабетис и рак. Меѓутоа, потребни се додатни истражувања како би се потврдиле овие резултати.

Потврда на FDA за позитивните учиноци на јачменот

Американската FDA (Управа за храна и лекови) после анализите на научните докази и студии, потврдила дека додавање на јачменот на здравата исхрана може да го намали ризикот од срцевите заболувања и намалувањето на вкупниот и LDL холестерол, т.е да го финализира правилото со кое се дозволува производите кои содржат јачмен на своите пакувања можат да носат ознака дека растворливите влакна се корисни за срцето.

Јачменот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Девојката го колне јачменот“ (Дјевојка јечам проклиње) - српска народна песна.[2]

Галерија

Литература

  • McGee, Harold (1986). On Food and Cooking: The Science and Lore of the Kitchen. Unwin. ISBN 0-04-440277-5.

lisans
cc-by-sa-3.0
telif hakkı
Автори и уредници на Википедија

Јачмен: Brief Summary ( Makedonca )

wikipedia emerging languages tarafından sağlandı
 src= Hordeum vulgare

Јачменот (науч. Hordeum vulgare) се смета за еден од најстарите житарки во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели. Јачменот се дели на три врсти:

дворедни (-{Hordeum distichum}-), кои најмногу служат за производство на пиво повеќередни (-{Hordeum polystichum}- и -{Hordeum vulgare}-); преодни (-{Hordeum intermedium}-)  src= Полиња со засаден јачмен во Св.Николе
lisans
cc-by-sa-3.0
telif hakkı
Автори и уредници на Википедија