Отровници (науч. Viperidae) — фамилија на отровни змии што живеат ширум целиот свет, освен на Антарктикот, во Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Мадагаскар, Хаваи, разни зафрлени острови и северно од северниот поларен круг. Имаат релативно долги заби што навлегуваат длабоко во жртвата и вбризгуваат отров. Постојат четири потфамилии.[2]
Во Македонија живеат три вида на отровници: поскокот, шарката и остроглавата шарка.[3]
Сите отровници имаат долги шупливи заби со кои вбризгуваат отров кој доаѓа од жлезди сместени во задниот дел на горната челуст. Секој од двата заба лежи е прицврстен напред, на предновилична коска која се отвора нанапред. Кога не ги користи, змијата ги склопува забите во горниот ѕид на устата, каде стојат во ципести џепчиња. Забите може да ги вади заедно или посебно. Кога змијата е во напад, устата е отворена речиси 180° и горновиличниот дел се свртува нанапред и ги вади забите што е можно подоцна за да не се оштетат. Отровот се вбризгува кога забот ќе навлезе во ткивото, истиснат од силни мускули кај отворните жлезди. Ова дејство е многу брзо, и при одбрана, змијата настојува да зададе убод наместо да касне, а забите ги забива кога ќе фати плен. Во ситуација на самоодбрана, се случува змијата да касне без да пушти отров.
Речиси сите отровници имаат засртени лушпи, набиено тело и кратка опашка, и триаголна глава што е јасно одвоена од вратот (поради отровните жлезди). Имаат исправено елиптични зеници што можат да ги шират речиси колку целото око или да ги смалат на минимум за да можат да гледаат на различни светлосни јачини. Најчесто отровниците ловат ноќе, и тоа од заседа.
Највеќето отровници се ововивипарни (младите се раѓаат живи), но некои положуваат јајца.
Отровниците се среќаваат во Америка, Африка и Евроазија. Во Америка ги има во јужна Канада, во САД, Мексико, Средна и Јужна Америка.
Кога ќе се соочат со опасност или ловат плен, змиите проценуваат како да каснат и колку отров да пуштат. Количината на испуштениот отров зависи од видот на змијата, нејзините димензии и спретност (некои нишанат подобро од други). Кога ловат, количеството зависи од големината на пленот и дали е зграпчен или пуштен. Во самоодбраната, количината зависи од видот и димензиите на непријателот и од неговото поведение, т.е. како колкава закана го дожувува змијата. Количината на отров не е секогаш сразмерна со големината на непријателот.[4]
Отровот изобилува со ензими што ги разградуваат белковини, наречени протеази кои предизвикуваат болка, силно отекување на местото и умртвување на ткивото (некроза), обилно крварење поради оштетеноста на кардиоваскуларниот систем и пореметување во засирувањето на крвта. Смртта обично доаѓа поради драстичниот пад на крвниот притисок. По ова тие се разликуваат од штитовратките, чиј отров содржи невротоксини што го оневозможуваат затегањето на мускулите, предизвикувајќи парализа. Жртвите на овие змии обично умираат од задушување. Ова не е строго правило: некои штитовратки предизвикуваат протеолитични симптоми својствени за отровниците, а постојат и отровници чиј напад предизвикува невротоксични симптоми.
Протеолитичниот отров има двојна намена: за вкочанување (парализирање) на пленот (како кај невротоксичните отрови), но и како помош при варењето, разградувајќи ги липиди, нуклеинските киселини и белковините во ткивото. Ова е од големо значење за овие животни, бидејќи системот за варење сам по себе им е неефикасен.[5]
Каснувањето е многу болно и мошне сериозно, иако не мора да е смртоносно. Дури и со брза и соодветна интервенција, на каснатото место може да остане трајна лузна, а во најлошите случаи може да биде потребна ампутација. Исходот не може да се предвиди бидејќи зависи од многу разни фактори како видот и големината на змијата, количината на вбризган отров и тежината и здравствената состојба на настраданото лице. Покрај сето ова, лицето може да биде и алергично на отровот и/или на противотровот.
Типски вид = Шарки (Vipera—Laurenti, 1768)[1]
|accessdate=
(помош) (англиски) Отровници (науч. Viperidae) — фамилија на отровни змии што живеат ширум целиот свет, освен на Антарктикот, во Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Мадагаскар, Хаваи, разни зафрлени острови и северно од северниот поларен круг. Имаат релативно долги заби што навлегуваат длабоко во жртвата и вбризгуваат отров. Постојат четири потфамилии.
Во Македонија живеат три вида на отровници: поскокот, шарката и остроглавата шарка.