Малата српоклуна шлука (науч. Numenius arquata), кај нас позната и како мал српоклун свиркач, или народно шлука југајца е најраспространетата крајбрежна птица која се размножува низ умерена Европа и Азија, ја има и во Македонија.
Во својот ранг, ова е најголема птица, со должина од 50 до 60 см, распон на крилјата од 89 до 106 см и тежина од 410 до 1360 грама.[2] Претежно е сивкавокафеава и има многу долг свиен клун. Мажјаците и женките се идентични, освен што клунот на женките е малку подолг. Во принцип, тешко е да се распознае полот на птицата, освен кога се пар и се размножуваат.
Повикот на оваа птица е гласно карлу-у.
Единствен вид што е сличен на оваа птица е шарената српоклуна шлука (N. phaeopus). Шарената е помала и има пократок клун кој е искривен повеќе на крајот отколку што е целиот свиен. При лет, нозете на птицата се споени наназад и формираат „остра опашка“.
Малата српоклуна шлука е птица преселница која зимува во Африка, јужна Европа и јужна Азија. Повремено некои птици заскитуваат и излегуваат од вообичаениот опсег.[3]
Птицата е претежно внимателна и плашлива. Се собира во големи јата вон сезоната на парење, а се храни сондирајќи со клунот во меката земја барајќи мали без’рбетници, но собира и мали ракчиња и црви од површината, ако има прилика.
Гнездото е мала вдлабнатинка во тајгата, ливадата, или слично живеалиште. Несат 3-6 јајца во април или мај кои се инкубираат околу 1 месец.
Nа оваа птица се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Порано беше класифицирана во категоријата на најмала загриженост, но сомнежите се дека е поретка отколку што се мислеше. Следејќи ја бројноста на птицата се заклучи дека е тоа неточно, и сега е во категоријата на речиси загрозен вид од 2008. Иако е вообичаена птица, нејзиниот број е во опаѓање.
Малата српоклуна шлука (науч. Numenius arquata), кај нас позната и како мал српоклун свиркач, или народно шлука југајца е најраспространетата крајбрежна птица која се размножува низ умерена Европа и Азија, ја има и во Македонија.
Мажјак во лет. Забележи ја „острата опашка“ формирана од нозетеВо својот ранг, ова е најголема птица, со должина од 50 до 60 см, распон на крилјата од 89 до 106 см и тежина од 410 до 1360 грама. Претежно е сивкавокафеава и има многу долг свиен клун. Мажјаците и женките се идентични, освен што клунот на женките е малку подолг. Во принцип, тешко е да се распознае полот на птицата, освен кога се пар и се размножуваат.
Повикот на оваа птица е гласно карлу-у.
Единствен вид што е сличен на оваа птица е шарената српоклуна шлука (N. phaeopus). Шарената е помала и има пократок клун кој е искривен повеќе на крајот отколку што е целиот свиен. При лет, нозете на птицата се споени наназад и формираат „остра опашка“.
Малата српоклуна шлука е птица преселница која зимува во Африка, јужна Европа и јужна Азија. Повремено некои птици заскитуваат и излегуваат од вообичаениот опсег.
Птицата е претежно внимателна и плашлива. Се собира во големи јата вон сезоната на парење, а се храни сондирајќи со клунот во меката земја барајќи мали без’рбетници, но собира и мали ракчиња и црви од површината, ако има прилика.
Гнездо со јајцаГнездото е мала вдлабнатинка во тајгата, ливадата, или слично живеалиште. Несат 3-6 јајца во април или мај кои се инкубираат околу 1 месец.