dcsimg

Скуша ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Скуша (науч. Scomber scombrus; меѓународно: „атлантска скуша“) — риба од родот скуша (Scomber) во семејството на скушите (Scombridae) што живее на обете страни од Северниот Атлантски Океан, Средоземното, Црното и Северниот Леден Океан.

Ги населува отворените студени води и се движи во големи јата близу површината. Презимува во подлабоки води, а напролет доаѓа во поплитко, кога температурата ќе достигне 11–14 °C. Се храни со помали риби и ракчиња.

Машките и женските единки растат со иста стапка и живеат највеќе 20 години, достигнувајќи до 47 см. Полово созреваат на возраст од три години.

Во исхраната

Скушата е мошне барана риба и се јаде зготвена или свежа како сашими. Има црвено место и силен вкус. Содржи многу големо количество на витамин Б12 и масни киселини омега 3 — речиси двојно повеќе од лососот.

Конзервираната скуша ужива популарност во Скандинавија и Велика Британија. Се продава во во доматен сос, во саламура или во масло.

Оваа риба е одличен извор на фосфатидилсерин и содржи 480 мг на секои 100 гр тежина. Во најново време оваа супстанција се истражува како ублажувач на здравствени пореметувања како хиперкинетичко растројство и Алцхајмерова болест.

Наводи

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages

Скуша: Brief Summary ( 馬其頓語 )