Глувци (науч. Muridae) — група на цицачи од редот на глодачи. Телесната должина се движи од 5 см (оризарски глушец, Micromys minutus) до 48 см (стаорецот Phloeomys cumingi[1]). Распространети се секаде на Земјата (убиквитарни), а повеќето видови се наоѓаат во шумите од тропските и суптропските предели. Интродуцирани се во Јужна Америка и на многу острови.
Тие се големи омнивори (сештојадци). Глувците се активни навечер и ноќе. Повеќето водат полунадземен начин на живот, хранејќи се со семиња, а некои со животинска храна. Некои се синантропни животни (домашен глушец, некои стаорци). Се размножуваат во топлиот период од годината, а во домовите на луѓето во текот на целата година. Стануваат полово зрели на 1,5-3 месеци.
Глувците се природни носители на голем број паразити и причинители на многу зарази кај човекот и домашните животни, меѓу кои и опасни инфекции. Нанесуваат штети на земјоделските култури и шумарството, уништувајќи ги производите и храната. Најголема штета нанесуваат глувците од родот Mus (како на пример домашниот глушец Mus musculus) и Microtus (Microtus arvalis). Мерките за контрола вклучуваат спречување на пристапот до храната, заплашување (создавачи на ултразвук: глувците го слушаат ултразвукот до 40 kHz) и регулација на бројноста со помош на стапици (познати некаде како ,,факови‘‘) и отрови.
Глувците дале огромен придонес во развитокот на науката. На овие животни се правени биолошки експерименти, се произвлеле противотрови и вакцини, се вршела проверка на дејството на лекарствата и други супстанци. Од 1990 година се создадени трансгенетски глувци. Со нив подобро се објаснува функционирањето на некој ген кој се испитува, или пак полесно се картира неговата активност.
Глувци (науч. Muridae) — група на цицачи од редот на глодачи. Телесната должина се движи од 5 см (оризарски глушец, Micromys minutus) до 48 см (стаорецот Phloeomys cumingi). Распространети се секаде на Земјата (убиквитарни), а повеќето видови се наоѓаат во шумите од тропските и суптропските предели. Интродуцирани се во Јужна Америка и на многу острови.