dcsimg

Седумточкеста бубамара ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Седумточкеста бубамара (Coccinella septempunctata), (или во Северна Америка „Ц-7“ [1]) е најчеста бубамара во Европа. Нејзините наткрила се со црвена боја со три црни точки секоја од нив, при што една дополнителна точка се простира на двете, создавајќи вкупно седум точки, според кои овој вид ги добил неговите вообичаени и научни имиња (од латински septem = "седум" и punctus = "точки").

Биологија

 src=
Ларва на седумточкеста бубамара
 src=
Покрај инсекти, бубамарата со седум точки јаде полен и нектар
 src=
Парење на седумточкеста бубамара

Седумточкестата бубамара има широк еколошки опсег, обично живее таму каде што има лисни вошки со кои се храни.[2] И возрасните и ларвите се незаситни предатори на лисни вошки, и заради ова, седумточкестата бубамара е донесена во Северна Америка како агент за биолошка контрола за намалување на бројот на лисни вошки, и веќе е назначена како официјален државен инсект од пет различни држави (Делавер, Масачусетс, Њу Хемпшир, Охајо и Тенеси). Се раѓаат една или две генерации годишно. Возрасните зимата ја минуваат во парковите, градините и во близина на шуми, на трева и под кората на дрвјата и карпите.

Во Велика Британија постојат стравувања дека бројот на единки од седумточкестата бубамара е намален поради борбата за храна со азиската бубамара.[3] Спротивно на тоа, во Северна Америка, овој вид надмина многу домашни видови. Масивни роеви од седумточкеста бубамара се појавиле во сушното лето 1976 година во Велика Британија.[4] Порано овие бубамари често се среќавале на островот Малта, но со текот на годините намален е нивниот број. [2]

Анатомија и физиологија

Возрасна седумточкеста бубамара може да достигне должина на тело од 7,6 - 10 мм. Нивните карактеристични точки и привлечните бои очигледно ги прават несакани за предаторите. Видот може да лачи течност од зглобовите на нозете што им дава лош вкус. Загрозената бубамара може и да се прави мртва и да излачува материја со лоша миризба за да се заштити.[5]

Распространетост

Може да се најде во Европа, Северна Африка, Австралија, Кипар, европскиот дел на Русија, Кавказ, Сибир, рускиот далечен исток, Белорусија, Украина, Молдавија, Транскавказија, Казахстан, Средна Азија, Западна Азија, Среден Исток, Авганистан, Монголија, Кина, Северна и Јужна Кореја, Пакистан, Непал, Северна Индија, Јапонија, Југоисточна Азија. Исто така седумточкестата бубамара била донесена во Северна Америка, а ја има и во тропскиот дел на Африка.[6]

Седумточкестата бубамара ја има во Македонија.

Наводи

  1. Coccinella septempunctata (Linnaeus,1758:365). Seven-spotted lady beetle; Seven-spotted ladybug“. Discover Life. конс. November 29, 2010.
  2. 2,0 2,1 Schembri, Patrick J.; Baldacchino, Alfred E. (2011) (на Maltese). Ilma, Blat u Hajja: Is-Sisien tal-Ambjent Naturali Malti. стр. 81–82. ISBN 978-99909-44-48-8. http://www.bdlbooks.com/geography/3394-ilma-blat-u-hajja.html.
  3. Ben Quinn. „Home-grown ladybirds put to flight by alien invasion“, The Daily Telegraph, 7 ноември 2006.
  4. Parkinson, Justin. „Could the ladybird plague of 1976 happen again?“, BBC News Magazine, 5 март 2016.
  5. „Ladybugs“. National Geographic. National Geographic Society. конс. August 10, 2019.
  6. N. B. Nikitsky and А. S. Ukrainsky, 2016 The Ladybird Beetles (Coleoptera, Coccinellidae) of Moscow Province ISSN 0013-8738. Entomological Review, 2016, Vol. 96, No. 6, pp. 710–735 ISSN 0013-8738 online pdf

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Седумточкеста бубамара: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Седумточкеста бубамара (Coccinella septempunctata), (или во Северна Америка „Ц-7“ ) е најчеста бубамара во Европа. Нејзините наткрила се со црвена боја со три црни точки секоја од нив, при што една дополнителна точка се простира на двете, создавајќи вкупно седум точки, според кои овој вид ги добил неговите вообичаени и научни имиња (од латински septem = "седум" и punctus = "точки").

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија