dcsimg
Image of Lepidosirenoidei
Creatures » » Animal » » Vertebrates »

Lobe Finned Fishes

Sarcopterygii

Резноперки ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Резноперките или ракоперките (латински: Sarcopterygii или Crossopterygii) сочинуваат класа на риби со месести перки, каде припаѓаат белодробните риби и целакантините. Името Sarcopterygii доаѓа од грчките зборови σαρξ, саркс, што значи месо и πτερυξ, птерикс, што значи перка.

Морфологија и анатомија

Резноперките се коскени риби со месести, резнести перки, кои се приврзани за телото на рибата со една коска.[1] Овие перки еволуирале во екстремитетите (нозете) на првите четириножни копнени ‘рбетници - водоземците. Тие исто така поседуваат и две грбни перки со одделени основи, што е спротивно на единечната грбна перка кај зракоперките. Черепот на резноперките има зглоб, но оваа одлика се губи кај четириношците и белодробките. Многу попримитивни резноперки поседуваат симетрична опашка.

Многу систематичари кои се приврзаници на кладистичкиот пристап во систематиката ја сместуваат групата Tetrapoda (четириношци) во оваа класа, што се состои од сите ‘рбетници со четири екстремитети.[2] Месестите перки и коската во нив покажуваат многу силна сличност со претпоставениот предок на четириножните ‘рбетници, така што резноперките нашироко се сметаат за директни претци на четириношците во научната литература.

Еволуција на резноперките

 src=
Во специјацијата на ‘рбетниците која се одвивала во доцниот Девон, потомците на пелашкиот резноперковиден Eusthenopteron подлегле на неколку последователни адаптации:
  • Panderichthys, приспособен за плитки води со калливи дна;
  • Tiktaalik со ноговидни перки кои се способни за одење по копно;
  • Рани четириношци присутни во мочуришта со силна вегетација, како што се:
    • Acanthostega, која имала стопала со осум прсни ковчиња,
    • Ichthyostega со екстремитети .
Во потомците исто така припаѓале и пелашки резноперки како што се целакантините.

Општо е прифатено дека резноперките припаѓаат на групата коскени риби, кои се карактеризираат со коскен скелет (наместо ‘рскавичен). Меѓутоа, како резултат на големите разлики кои постојат во градбата на перките, органите за дишење и циркулаторните структури кај резноперките и коскените риби, некои систематичари ја сметаат групата резноперки (Sarcopterygii) за сестринска наткласа на наткласата коскени риби (Osteichthyes), наместо за класа во неа. Најстарите резноперки се пронајдени во најгорниот Силур. Првите резноперки биле многу слични на бодликавите ајкули (Acanthodii). Најблиските сродници на резноперките се зракоперките. Резноперките веројатно еволуирале во океаните, но подоцна ги населиле и слатките води за да ги избегнат предаторските оклопни риби (Placodermi) кои биле доминантни во раниот-среден Девон.

Со еволуирањето на резноперките во раниот Девон, нивната главна еволутивна линија се разделила на две други линии - линија на целакантините и линија на рипидистите (Rhipidistia). Целакантините се појавиле во раниот Девон и останале во океаните; врвот на развиток на целакантините бил доцниот Девон и Карбон. Целакантините сè уште живеат во океаните. Рипидистите се појавиле во истото време како и целакантините, но, за разлика од нив, овие го напуштиле океанот и мигрирале во слатководни станишта, од што се заклучува дека нивните претци веројатно живееле блиску до вливот на реките во океанот (естуари). Понатаму, рипидистите се поделиле во две главни групи - белодробките (белодробните риби) и четириноголиките (Tetrapodomorpha). Белодробките биле најраспространети во Тријас, но денес се останати помалку од десетина родови. Кај нив еволуирале првите прабели дробови и праекстремитети. Древните и денешни белодропки ги користеле нивните перки (праекстремитети) за движење по копното во потрага по нова водна површина (кога таа каде што живееле ќе пресушела), и ги користеле белите дробови за дишење на атмосферски воздух.

Четириноголиките ја имаат истата идентична анатомија како и белодробките, но по сè изгледа дека тие останале во водата нешто подолго, и тоа сè до доцниот Девон. Четириношците или четириношците - ‘рбетниците со четири екстремитети - се потомци на четириноголиките. Четириношците се појавиле во доцниот Девон.

Нечетириножните резноперки продолжиле да опстануваат до крајот на палеозојската ера. Тие претрпеле силни загуби за време на пермско-тријаската екстинкција.

Систематика и филогенија

 src=
Освен водните четириношци, целакантините се единствените резноперки кои сè уште живеат во океаните.

Поврзано

Наводи

  1. Clack, J. A. (2002) Gaining Ground. Indiana University
  2. Nelson, Joseph S. (2006). Fishes of the World. John Wiley & Sons, Inc. ISBN 0-471-25031-7.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Резноперки: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Резноперките или ракоперките (латински: Sarcopterygii или Crossopterygii) сочинуваат класа на риби со месести перки, каде припаѓаат белодробните риби и целакантините. Името Sarcopterygii доаѓа од грчките зборови σαρξ, саркс, што значи месо и πτερυξ, птерикс, што значи перка.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија