Бамја (науч. Abelmoschus esculentus) е едногодишно растение од фамилијата Слезови (Malvaceae). Се одгледува заради младите (4-5 дена) плодови, кои се консумираат зготвени. Позната е од пред 3.000 години во Египет и во Азија. Кај нас е застапена на многу мали површини. Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да никнува на 15 степени целзиусови а оптимални се 25 степени. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28 степени. Исклучиво е светлољубива припадничка на долгиот ден.[1]. Бамјата се користи во кулинарството ширум светот, а во македонската традиционална кујна бамјата е состојка која се користи во специјалитетот турлитава.
Бамја (науч. Abelmoschus esculentus) е едногодишно растение од фамилијата Слезови (Malvaceae). Се одгледува заради младите (4-5 дена) плодови, кои се консумираат зготвени. Позната е од пред 3.000 години во Египет и во Азија. Кај нас е застапена на многу мали површини. Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да никнува на 15 степени целзиусови а оптимални се 25 степени. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28 степени. Исклучиво е светлољубива припадничка на долгиот ден.. Бамјата се користи во кулинарството ширум светот, а во македонската традиционална кујна бамјата е состојка која се користи во специјалитетот турлитава.