Речната тринга (науч. Actitis hypoleucos) е мала палеарктичка крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), која заедно со америкнскиот вид (Actitis macularia) го сочинуваат родот Actitis.
Речната тринга е долга 18–20 см, со распон на крилјата 32–35 см. Одоздора е сивкавокафеава, а одоздола бела. Има кратки темно жолтеникави нозе и стапала, а клунот му е со посветла основа и темен врв. Зимно време перјето е поветво со поизразени рабови на крилјата што е видливо од поблизу. Младенчињата се попрошарани одозгора и имаат кремави завршетоци на пердувите на крилјата.
Оваа птица е дружељубива и може да се види во големи јата, со својот впечатлив лет со чести силни замавнувања на крилјата, ниско над водата. Речната тринга се размножува низ поголемиот дел на умерена Европа и Азија, а во зима се сели во Африка, јужна Азија и Австралија. Најисточната граница каде се појавуваат е Палау во Микронезија, каде илјадници птици застануваат на одмор.[2]
Речната тринга се храни собирајќи мали инсекти, ракови и други без'рбетници по површината на меката кал, а може да ги улови и во лет.
Сезоната на парење трае од мај до август. Гнездото е плитка дупка во земјата, обрабено со растителен материјал, изградено на острови или во близина на брегот, како и скриено во грмушки. Женката вообичаено несе четири јајца со големина од 35 милиметри. Во квачењето, кое трае три недели, учествуваат двајцата родители. Младенчињата, кога се во опасност, може да се закачат за телото на родителот за да ги пренесат на посигурно.[3]
За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Таа е широкораспространета и честа птица, која спаѓа во категоријата на најмала загриженост, но е ранлив вид во некои области на Австралија.[1]
Речната тринга (науч. Actitis hypoleucos) е мала палеарктичка крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), која заедно со америкнскиот вид (Actitis macularia) го сочинуваат родот Actitis.