dcsimg

Бросови ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Бросовите (науч. Rubiaceae) е една од најголемите фамилии на цветни растенија, со околу 650 родови и повеќе од 13.000 видови. Името оваа фамилија го носи по родот Брос (Rubia). Тука припаѓаат неколку економски важни растенија. Од Rubia cordifolia се добива боја, од видот Morinda angustifolia се користи кората, додека од родот Elaeagia се добива лак кој го користат уметниците. Меѓутоа, сепак најпознати растенија од оваа фамилија се: кафето (Coffea arabica и Coffea liberica) и Cinchona (од кое се добива лекот кинин). Има и неколку украсни растенија, како Ixora, Gardenia и Mussaeda.

Повеќето од видовите се среќаваат во тропските региони. Неколку видови се присутни и во умерените региони, каде се тревести. Овие растенија се јавуваат најчесто како дрвја и грмушки.

Морфологија

Тоа се многугодишни хемикриптофитни растенија. Листовите се наспрамни, прости и целокрајни. Соцветијата се цимозни. Цветовите се хермафродитни и ретко зигоморфни. Околуцветникот е составен од 4 до 5 чашкини ливчиња и 4 до 5 венечни ливчиња. Столпчето е нежно, додека устенцата се капитатни или повеќеделни.

Машкиот дел од цветот (андрецеум) е изграден од 4 до 5 прашници. Женскиот дел (гинецеум) е претставен со 2 (ретко 1) споени плодни листови. Плодникот е потцветен, ретко натцветен или полупотцветен. Тој е билокуларен со 1 семенов зачеток во секоја локула (комора или окце). Присутни се нектарни дискови над плодникот. Плодот е бобинка, капсула, костелка или шизокарп.

Цветната формула на оваа фамилија е: ⋆ K 4 − 0 C ( 4 ) A 4 {displaystyle star K_{4-0};C_{(4)};A_{4};} {displaystyle star K_{4-0};C_{(4)};A_{4};} или [ C ( 4 ) A 4 ] G ( 2 ) ¯ {displaystyle ;[C_{(4)};A_{4}];G_{overline {(2)}}} {displaystyle ;[C_{(4)};A_{4}];G_{overline {(2)}}}

Цветовите се протоандрични (прво се развива машкиот дел од цветот). Опрашувањето е со помош на инсекти, додека семињата се распространуваат епизоохорно (со животни).

Систематика

 src=
Цветови на кафе - Coffea arabica.
 src=
Незрели плодови од Coffea arabica.
Податотека:Coffee1.jpg
Зрел плод од Coffea sp..
 src=
Galium (Asperula) odoratum.
 src=
Cinchona calisaya, од кое се добива кининот.

Родовите се распоредени во племиња кои од своја страна се сместени во три подфамилии:

Некои автори признаваат и четврта подфамилија - Antirheoideae.

Некои родови

Следните родови на Бросовите се наведени од страна на Вотсон и Далвиц (од делта-класификацијата):

Бросови (Rubiaceae) sensu stricto:

Според Вотсон и Далвиц во Henriqueziaceae:

Според Вотсон и Далвиц во Naucleaceae:

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Бросови: Brief Summary ( Macedonian )