Дождосвирни птици (науч. Charadriiformes) — ред од мали до средно големи птици кој вклучува околу 350 вида, а се распространети низ целиот свет. Повеќето од видовите живеат крај вода и се хранат со без’рбетници или други ситни животни. Во тежина варираат од 19 гр. до 2 кг. Многу од видовите имаат долги нозе со три прста, а често и подвижен четврти прст. Обично се гнездат на земја, но некои прават гнездо и на дрво. Пилињата се веднаш способни сами да се хранат. Овие птици се долговечни, а живеат во мочвари и на бреговите од езерата и морињата, некои од нив живеат во пустински делови и шуми.
Редот на дождосвирни се дели на 3 подреда: