dcsimg

Човек (род) ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Човек (лат. Homo) е род во кој спаѓаат денешните луѓе и ним блиско-сродните суштества. Се смета дека овој род датира од пред 2,5 милиони години, кој еволуирал од австралопитечки предци со појавувањето на Homo habilis. Јавувањето на Homo се совпаѓа со најраните наоди на камени орудија, и така, по дефиниција, ова го означува почетокот на Долниот палеолит.

Денес сите видови, освен Homo sapiens (современиот човек) се изумрени. Homo neanderthalensis, кој по традиција се смета за последниот жив роднина, изумрел пред 24.000 години, но скорешните наоди укажуваат на друг вид, Homo floresiensis, кој можеби опстоил подолго, изумирајќи пред само 12.000 години.

Зборот homo на латински значи „човек“ (т.е. „човеко битие“).

Видови

Статусот на Homo rudolfensis, H. ergaster, H. georgicus, H. antecessor, H. cepranensis, H. rhodesiensis и H. floresiensis како видови сѐ уште се предмет на спор. H. heidelbergensis и H. neanderthalensis се во мошне блиско сродство и се сметаат за подвид на H. sapiens, но анализата на митохондријална ДНК земена од фосили на Homo neanderthalensis укажува на тоа дека H. neanderthalensis е генетски поблизок до шимпанзата отколку што е H. sapiens, што би значело дека H. sapiens е поизведениот од двата вида.

Наводи

licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија

Човек (род): Brief Summary ( macédonien )