dcsimg

Голем северен нуркач ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供
 src=
Mergus merganser

Голем северен нуркач (Mergus merganser) е вид птица од фамилијата патки. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро[2]

Распостранетост

Овој вид патки најмногу е распостранет во Европа, северна и централна Азија и во Северна Америка.

Опис

Долги се од 58 до 72 cm, а распонот на крилјата им е 78–97 cm. Тешки се од 0,9 до 2,1 kg. Најчесто мажјаците се потешки од женките. Телото на мажјаците им е бело со розево, а грбот црн. Опашката им е сива, крилјата им се црно-бели, а главата им е црна со зелен сјај. Поголемиот дел од телото на женките е сив, а главата им кафено-црвена.

Живеалиште

Тие живеат покрај длабоки езера, заливи и реки, а во зима живеат и во солените води.

Исхрана

Како и другите патки од нивниот род, се хранат во главно со риби, мекотели, ракови, црви, инсекти и водоземци, за кои нуркаад под вода. Нивните клунови лесно им овозможуваат ловење на пленот.

Размножување

Женките почнуваат да ги одгледуваат малечките на две години, а гнездата им се наоѓаат во близина на водите, во шуплините на дрвата, пукнатините на карпите или кај корените на дрвјата. Женките обично несат 9-12 јајца, а инкубацијата трае од 28-35 дена. Најчесто после инкубацијата, мажјаците го напуштаат гнездото. На малечките им треба една недела за да научат да нуркаат, а потоа нивните мајки ги напуштаат.

Наводи

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages

Голем северен нуркач: Brief Summary ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供
 src= Mergus merganser

Голем северен нуркач (Mergus merganser) е вид птица од фамилијата патки. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages