dcsimg

Жолни ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Жолни (науч. Oriolidae) — фамилија врапчевидни птици од стариот свет.

Таксономија

Фамилијата жолни ги соединува „смоквините птици“ од родот Sphecotheres и жолните од стариот свет од родот Жолни.[1] Оваа фамилија не е поврзана со жолните на новиот свет кои се од фамилијата на Иктеридите.

Опис

Жолните се средни врапчевидни птици, долги од 20 до 30 см, а женките се само малку помали од мажјаците.[1] Клунот им е малку кукасто свиткан. Перјето на повеќето видови е светло и впечатливо, додека кај женките тоа е малку поскромно. Перјето на многу австралиско-азиски жолни го имитираат перјето на поголемите птици, за да се заштитат.[2]

Однесување

Жолните се моногамни птици, живеат во парови, иако се среќаваат и такви кои живеат во помали колонии.[1] Местото на гнездење може да го одберат во близина на поагресивни видови, како страчките, на пример, што им обезбедува некој вид заштита. Гнездото им е длабока плетена кошничка која виси на гранката како лежалка. Тие обично несат две до три јајца, но до сега е забележано најмногу шест.

Распространетост и живеалиште

Фамилијата на жолните е распространета во Африка, Европа, Азија и Австралија. Тие се птици-преселници. Живеат на дрво и имаат тенденција да се хранат во крошната, односно во шумскиот покрив.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Walther, B; Jones, P (2008). „Family Oriolidae (Orioles and Figbirds)]“. Josep, del Hoyo; Andrew, Elliott; David, Christie. Прирачник за птиците во светот. Volume 13, Penduline-tits to Shrikes. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 692–713. ISBN 978-84-96553-45-3.
  2. Diamond J. Mimicry of friarbirds by orioles. „The Auk“ том 99 (2): 187–196. http://sora.unm.edu/sites/default/files/journals/auk/v099n02/p0187-p0196.pdf.

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages

Жолни: Brief Summary ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Жолни (науч. Oriolidae) — фамилија врапчевидни птици од стариот свет.

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages