dcsimg

Вибрион ( Makedonca )

wikipedia emerging languages tarafından sağlandı

Бактериите од родот Vibrio припаѓаат на фамилијата Vibrionaceae. Тоа се мали бацили, најчесто со „форма на запирка“ и се екстремно подвижни. Најпознатиот вид од овој род е Vibrio cholerae – организмот виновен за колерата. Постојат дваесетина видови од родот Vibrio.

Екологија

Живеалиште

Вибрионите се бактерии кои живеат во вода. Многу од нив се сапрофити кои живеат во слатка вода, но има и такви кои живеат во солена (мориња, делти на реки, дигестивниот систем на морски животни). Овие бактерии се халофили со што се објаснува нивната отпорност кон високи концентрации на морска сол (NaCl).

Патогени својства

Некои видови се патогени за човекот, додека некои за морските животни (рибите).

Видот Vibrio cholerae е одговорен за колерата, која е тешко заболување кај човекот, познато во историјата по големите светски епидемии. Оваа болест и денес претставува проблем во некои области, посебно во Африка и Индискиот Полуостров. Vibrio cholerae најчесто се пренесува преку заразена вода.

Vibrio parahaemolyticus предизвикува дегестивни инфекции и се внесува во организмот преку конзумирање на школки (остриги), ракови и свежа или недоволно обработена морска риба. Оваа бактерија е одговорна за бројни инфекции во Јапонија каде има голема консумација на свежа риба. Вибрионите имаат и токсични својства – лачат отров кој го пореметува функционирањето на организмот во кој се наоѓаат.

Видови кои спаѓаат во родот Vibrio

...

Карактеристики

Микроскопски аспект

Вибрионите се грам негативни бацили, најчесто со специфична форма. Тие се долги 2 до 3 микрометри. Овие бактерии се многу подвижни, карактеристика која се должи на флагелумот. Нивните движења се брзи и со праволиниска траекторија.

Макроскопски аспект

Вибрионите формираат колонии со кружен облик и дијаметар од 2-3 милиметри. Овие колонии се транспарентни во првите 24 часа.

Култивирање

Вибрионите се аеробни бактерии што значи дека малку или воопшто не се развиваат во анаеробни услови. Тие се култивираат на обични хранливи подлоги, на температура помеѓу 10 °C и 40 °C, со оптимална pH малку над 7. Нивното размножување е доста брзо, спаѓаат во групата на бактерии кои немаат посебни метаболитички потреби. Вибрионите се култивираат во присуство на висока концентрација на NaCl поради нивната карактеристика на халофили. Постојат некои видови на вибрион кои не се способни да растат во услови каде нема NaCl. Овие бактерии се нарекуваат апсолутни халофили.

lisans
cc-by-sa-3.0
telif hakkı
Автори и уредници на Википедија

Вибрион: Brief Summary ( Makedonca )

wikipedia emerging languages tarafından sağlandı

Бактериите од родот Vibrio припаѓаат на фамилијата Vibrionaceae. Тоа се мали бацили, најчесто со „форма на запирка“ и се екстремно подвижни. Најпознатиот вид од овој род е Vibrio cholerae – организмот виновен за колерата. Постојат дваесетина видови од родот Vibrio.

lisans
cc-by-sa-3.0
telif hakkı
Автори и уредници на Википедија