dcsimg
Imagem de <i>Prunus persica</i> var. <i>nucipersica</i>
Life » » Archaeplastida » » Angiosperms » » Rosaceae »

Pessegueiro

Prunus persica (L.) Stokes

Праска ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Уште во далечниот десетти век, Кинезите знаеле за придобивките од праските за човековото здравје и не случајно се верува дека праските го продолжуваат човечкиот живот[3].

Во денешно време со развојот на науката е веќе докажано дека овие плодови имаат благотворно влијание врз човечкиот организам. Праските го зголемуваат човечкиот живот - тоа е верување на Кинезите.

Праските содржат многу витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила. Недостатокот на калиум во нашето тело може да доведе до многу сериозни проблеми како стрес, напнатост, слабост во телото.

Недостатокот на калиум се одразува на кожата, меморијата слабее, но најважните проблеми кои се јавуваат во отсуство на калиум се поврзани со функционирањето на срцето.

Ако земате лекови за намалување на крвниот притисок, тоа доведува до ограничување на калиум во организмот и до сериозни здравствени проблеми. Калиумот во праските помага за регулирање на крвниот притисок. Преку нив се обезбедуваат 332 мг калиум. Праските содржат големо количество витамини - во една голема праска има 1.4 мг ниацин или 14% од дневната вредност на витамин Б3.

Ниацинот игра улога во енергетскиот метаболизам на телото. Праските се со висока содржина на витамин Ц - 11,6 мг или 19% од дневната доза. Витаминот Ц е важен антиоксидант и хранливи елементи, кој придонесе за подобрување на имунолошкиот систем, но не и за одржување на здрави зглобови. Праските се корисни за кожата, бидејќи содржат витамин Ц - Витаминот Ц се смета за важен витамин на кожата, а исто така тој е и анти-оксидант кои помага при лекувањето на ракот на кожата, помага во борбата со белите крвни клетки. Витаминот Ц треба да се зема редовно, ако сакаме да имаме здрава кожа. Праските можат да придонесат за лечење на многу болести и особено за лекување и превенција на ракот и проблемите поврзани со функционирањето на срцето. Праските содржат ликопен и лутеин, кои помагаат за зголемување на видот[4].

Праската во Македонија

Росоманскиот регион важи за најголем производител на овој вид овошје во Македонија. Најзастапените сорти се„голд хевен“ и „фантазија“ од нектарините[5]. Моментно во Росоманско има околу 700 хектари под праска, но површините постојано се зголемуваат. Околу 15 видови праска се одгледува во Росоман, и се произведува околу 15 милиони килограми производство. Најголем дел од праските се извезени во Русија, Полска, Украина и Белорусија. Голем дел од родот заминал и во поранешните југословенски републики[6].Во чест на почетокот на бербата на праската, општината Росоман ја организира манифестацијата Праскобер која се одржува на Духовден[7].

Галерија

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Праска: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Уште во далечниот десетти век, Кинезите знаеле за придобивките од праските за човековото здравје и не случајно се верува дека праските го продолжуваат човечкиот живот.

Во денешно време со развојот на науката е веќе докажано дека овие плодови имаат благотворно влијание врз човечкиот организам. Праските го зголемуваат човечкиот живот - тоа е верување на Кинезите.

Праските содржат многу витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила. Недостатокот на калиум во нашето тело може да доведе до многу сериозни проблеми како стрес, напнатост, слабост во телото.

Недостатокот на калиум се одразува на кожата, меморијата слабее, но најважните проблеми кои се јавуваат во отсуство на калиум се поврзани со функционирањето на срцето.

Ако земате лекови за намалување на крвниот притисок, тоа доведува до ограничување на калиум во организмот и до сериозни здравствени проблеми. Калиумот во праските помага за регулирање на крвниот притисок. Преку нив се обезбедуваат 332 мг калиум. Праските содржат големо количество витамини - во една голема праска има 1.4 мг ниацин или 14% од дневната вредност на витамин Б3.

Ниацинот игра улога во енергетскиот метаболизам на телото. Праските се со висока содржина на витамин Ц - 11,6 мг или 19% од дневната доза. Витаминот Ц е важен антиоксидант и хранливи елементи, кој придонесе за подобрување на имунолошкиот систем, но не и за одржување на здрави зглобови. Праските се корисни за кожата, бидејќи содржат витамин Ц - Витаминот Ц се смета за важен витамин на кожата, а исто така тој е и анти-оксидант кои помага при лекувањето на ракот на кожата, помага во борбата со белите крвни клетки. Витаминот Ц треба да се зема редовно, ако сакаме да имаме здрава кожа. Праските можат да придонесат за лечење на многу болести и особено за лекување и превенција на ракот и проблемите поврзани со функционирањето на срцето. Праските содржат ликопен и лутеин, кои помагаат за зголемување на видот.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages