Зеленокрила ара (науч. Ara chloropterus) — претежно црвена папагал од родот ара (Ara).
Ова е најголемиот член на родот, широко распространет по шумите и кориите во северна и средна Јужна Америка. Меѓутоа, како и другите ари, птицата во последно време се соочува со значителен пад на бројноста, што се должи на уништување на живеалиштето и незаконско заловување за трговијата со домашни миленици. Папагалот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]
Зеленокрилата ара се разликува од црвената (A. macao) по тоа што, иако обете имаат црвени гради, зеленокрилата има претежно зелени горни крилни пердуви, додека (понекогаш со неколку жолти) над зелениот појас, додека пак црвената има претежно жолти, или пак изразено жолто-зелени горни крилни пердуви. Покрај ова, зеленокрилата ара има карактеристични црвени линии околу очите сочинети од низа пердувчиња наспроти голата бела кожа на тој дел од главата. На опашката, светкавите синозелени пардуви се обрабени со црвено. Споредени по големина, зеленокрилата ара е забележливо поголема од црвената.
По должина, овој папагал е пократок само од зумбуловата ара (A. hyacinthinus). Возрасните единки на зеленокрилата ара достигнуваат вкупна должина од 90-95 см.[4] Од измерени 12 единки, утврдена е просечна тежина од 1,2 кг.[5] Тежината обично им се движи од 1 до 1,7 кг.[4] Иако има тежински опсег сличен на оној на зумбулоата араа, ппросечната тежина ѝ е за малку помала од онаа на зумбуловата и големата зелена ара (A. ambiguus). Земајќи ги сите папагали во светот, како потежок вид може да се вброи и какапото (Strigops habroptilus).[4][5]
Зеленокрилата ара се задржува на еден доживотен партнер. Женката несе по две до три јајва во гнездо направено во дупка на дрво. Квачењето трае 28 дена, а пилињата се пособни за лет 90 дена откако ќе се испилат.[6]
|accessdate=
(помош) Зеленокрила ара (науч. Ara chloropterus) — претежно црвена папагал од родот ара (Ara).
Ова е најголемиот член на родот, широко распространет по шумите и кориите во северна и средна Јужна Америка. Меѓутоа, како и другите ари, птицата во последно време се соочува со значителен пад на бројноста, што се должи на уништување на живеалиштето и незаконско заловување за трговијата со домашни миленици. Папагалот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.