dcsimg

Полска врана ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Полската врана (науч. Corvus frugilegus) е член на фамилијата врани (Corvidae), од редот на врапчевидните птици. Распространета е низ цела Европа, освен низ северниот дел на Скандинавија, низ централна Азија до Јапонија. Ја има и во Македонија. Населена е во Нов Зеланд (1862-1874) со стотици птици, но тамошното население е многу локализирано.[2] Таму, видот се смета за земјоделски штетник и се уништува. Оваа птица понекогаш заскитува и во Исланд и северна Скандинавија. Името го добила од Карл Лине, во 1758 година,[3] а frugilegus произлегува од латинскиот, со значење „собирач на храна“.

Опис

Полската врана е долга 45-47 см, со црно перје кое има синкав или синкавовиолетов сјај на јасна сончева светлина. Пердувите на главата, вратот и рамењата се погусти и свиленкави. Нозете ѝ се црни, а клунот сивоцрн.

Полските врани се разликуваат од сличните членови на семејството по голата сивобела кожа околу коренот на клунот, пред очите, кај возрасните птици. Со перјата околу нозете, исто така, изгледаат повлакнесто и пофино. Младенчињата ги немаат овие белези и немаат гола кожа, па повеќе личат на поедноставната црна врана (Corvus corone).

Повикот на оваа птица може да се опише како не премногу крескаво каа кое го дава и во лет и додека стои. При лет овој повик обично е од една сама птица, за разлика од црните врани кои се во група од 3-4. Осамените птици често си „пеат“ сами на себе, произведувајќи чудни кликнувања, бревтања и звуци слични на човековите.

 src=
Полски врани на дрвјата - навестување на пролетта

Однесување

Исхрана

Исхраната на полската врана претежно се состои од црви и инсекти кои птицата ги пронаоѓа сондирајќи во земјата со својот силен клун. Исто така, јаде и жито, помали количества овошје, мали цицачи, желади, мали птици, нивните јајца и пилиња и мрши. Во урбаните средини, човечките остатоци од храна ги зем од ѓубришата, депониите, улиците, обично рано наутро дедека сè уште е релативно мирно. Крај морските брегови, се храни со инсекти и ракови.

Размножување

Полските врани секогаш гнездат во колонии, најчесто на врвот од дрвјата. Гранки и ластари кршат од дрвото (поретко ги земаат од земја), или ги крадат од соседното гнездо. Леглото обично има 3-5 јајца, при крајот на февруари, почетокот на март и се инкубираат 16-18 дена. Обата родитела ги хранат младенчињата кои се оперјуваат по 32-33 дена.

Наесен, младите птици од летото се собираат во големи јата заедно со неспарени птици од претходната сезона, често во друштво со чавките. Во тоа време прелетуваат на небото и уживаат во есенските бури.

Интелигенција

Во заробеништво, кога ќе се соочат со проблем, оваа птица е документирана како една од неколкуте видови птици способни да користат алатки за да дојдат до целта. Таа може да научи да го турне камчето во цевка што ќе овозможи да добие храна. Ако нема камче, таа ќе оди и ќе пронајде ново за да ја исполни целта. Може да искористи и стапче, жица и сл. Сфаќаат дека со кукеста жица може да дофатат некој предмет.[4] Полските врани се толку паметни што можат да направат и употребат алатка со својот клун, како што можат шимпанзите со рацете.[5]

Во еден експеримент, пред птицата била поставена туба со вода и црв што лебди на површината. Во близина биле ставени и камења. Нивото на водата било прениско за таа да може да достигне до црвот. Птицата ги ставала камењата во водата за да го крене нивото и достигнала до црвот.[6]

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Corvus frugilegus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012. (англиски)
  2. Barrie Heather & Hugh Robertson (2005). The Field Guide to the Birds of New Zealand. Penguin Group. ISBN 978-0-14-302040-0.
  3. Linnaeus, C. (1758) (на Latin). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.. Holmiae: Laurentii Salvii. стр. 824. http://dz1.gdz-cms.de/index.php?id=img&no_cache=1&IDDOC=265100.
  4. Rebecca Morelle. „Неверојатната употреба на алатките од страна на полските врани“, BBC News, 26 мај 2009 (посет. 22 мај 2010 г).
  5. Студија за интелигенцијата на полските врани кои се паметни колку шимпанзо“, United Press International, 26 мај 2009.
  6. Sarah Bloch. „Видео:Езопова басна или факт? Запознајте се со најпаметната птица.“, Times Online, 7 август 2009.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Полска врана: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Полската врана (науч. Corvus frugilegus) е член на фамилијата врани (Corvidae), од редот на врапчевидните птици. Распространета е низ цела Европа, освен низ северниот дел на Скандинавија, низ централна Азија до Јапонија. Ја има и во Македонија. Населена е во Нов Зеланд (1862-1874) со стотици птици, но тамошното население е многу локализирано. Таму, видот се смета за земјоделски штетник и се уништува. Оваа птица понекогаш заскитува и во Исланд и северна Скандинавија. Името го добила од Карл Лине, во 1758 година, а frugilegus произлегува од латинскиот, со значење „собирач на храна“.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages