Здравец (питом здравец) или лат. Geranium macrorrhizum е растение од семејството Geraniaceae.
Здравецот е зелкасто, повеќегодишно растение до исправено стебло високо до 40 cm. Листовите се на долгите дршки и со лиските изделени на крупни делови. Цветовите се лесно забележливи, со црвени до темноцрвени круни и шилести, со јајчеста форма листови на чашката. Ризомот е добро развиен, крупен со должина 10-15 cm, и косо поставен.
Ризомот (Geranii macrorrhizi) и надземниот дел (G. herba) на билката најчесто се користат како дрога. Ризомот содржи:
Етаричното масло лесно се губи за време на сушењето, па затоа е најдобро да се користи свежо астение. Има специфичен силен и пријатен мирис, кој потсетува на мешавина меѓу ружа и мускатна жалфија. Поради ова, етеричното масло од здравецот често се користи во козметиката.
Се одгледува како украсна билка во градина.
Поради високото присуство на танин, здравецот пред сè, се користи во народната медицина за смирување на воспалена кожа и слузокожа. Помага при несоница, бидејќи ги успорува активностите на организмот, и го продолжува сонот. Има благо смирувачко дејство, и се користи за смирување на нервозна работа на срцето.[1]
Здравец (питом здравец) или лат. Geranium macrorrhizum е растение од семејството Geraniaceae.