dcsimg

Борови ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Женска шишарка од смрча (Picea abies)

Боровите (науч. Pinaceae) — фамилија на растенија во редот Боровидни. Многу видови од оваа фамилија се важни извори на дрво и дрвна каша. Некои видови се одгледуваат како украсни растенија, додека некои образуваат важни растителни заедници.

Опис

Со исклучок на листопадниот ариш (Larix) и златниот ариш (Pseudolarix amabilis), оваа група обединува зимзелени дрвја, а поретко и грмушки. Најголемите дрвја од оваа фамилија се дуглазијата (Pseudotsuga menziesii, односно Pseudotsuga menziesii var menziesii: "Red Creek Fir") со големина од 73,8 м и дијаметар на стеблото од 4,02 m, [1]која расте на островот Ванкувер во Британска Колумбија и ситканската смрча (Picea sitchensis ) со големина од 70 м и дијаметар на стеблото до 3 м (кај Квитс Ривер, Олимписки национален парк, Вашингтон). Едно од најдолго живеечките дрвја е Pinus longaeva (за еден примерок од Невада се смета дека е стар 5000 години). Сите дрвја од фамилијата содржат смола и имаат ароматичен мирис. Кората, во зависност од видот, може да биде мазна, лушпеста или крзнеста.

Корењата се најчесто задрвенети, а присутни се и фиброзни корења. Дрвенестите корења се заменуваат најдоцна до една година. Некои видови формираат ектомикориза.

Игличестите лисја се спирално распоредени или се во снопчиња. Листовите кај потфамилијата Abietoidae (со родовите Abies, Picea и Pseudotsuga) се наоѓаат на долги дршки; кај потфамилијата Laricoidae (со родовите Larix и Cedrus) тие се сместени на кратки или долги дршки, додека кај Pinoidae (со единствениот род Pinus) листовите се на долги дршки кај младите растенија, а потоа се прередуваат на кратки.

Шишарки, „цветови“ и семиња

Сите видови на борови се еднодомни растенија. Тие носат машки шишарковидни „цветови“ кои се наоѓаат на кратки дршки и стојат на една оска. Содржат многу прашници. На својата долна површина, овие прашници носат две поленови торбички. Од надворешниот слој на поленот (ектегзина) се создаваат две воздушни торбички. Поленот се произведува во многу големо количество и се распространува со ветрот (анемофилија). Зрелиот полен кај боровите се состои од четири клетки: две проталиумови клетки, поленова цевка и генеративна клетка. По опрашувањето, поленовата цевка и генеративната клетка образуваат стем-клетка и две спермални клетки.

Женските шишарки се хомологни со соцветијата на скриеносемените. Женската шишарка се состои од задрвенета семена површина во чија основа се наоѓаат семенови зачетоци. Секоја семена лушпа претставува повеќе или помалку слободен прицветен лист. Според ова, една семена лушпа би била хомологна со изменетите кратки изданоци. Боровите градат шишарки во кои созрева семето. Меѓу опрашувањето и оплодувањето има одреден период кој зависи од видот (кај борот и до една година).

Најчесто се формираат 2-15 (ретко и до 24) котиледони.

Хромозомскиот број од 2n = 24 е речиси секогаш константен.

Класификација

Во фамилијата спаѓаат следниве родови:

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Борови: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src= Женска шишарка од смрча (Picea abies)

Боровите (науч. Pinaceae) — фамилија на растенија во редот Боровидни. Многу видови од оваа фамилија се важни извори на дрво и дрвна каша. Некои видови се одгледуваат како украсни растенија, додека некои образуваат важни растителни заедници.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија