Морска крава (Sirenia) се ред цицачи. Овие животни цел живот се во вода. Можат да се најдат во мориња, реки, и мочуришта. Денес постојат 4 вида од 2 семејства. Семејството ламантини (Trichechidae) вклучува три вида, семејство дугонги (Dugongidae) само еден (тука припаѓал и исчезнатиот вид Стелерова морска крава).
Морските крави се појавиле пред 50 милиони години, во текот на еоцен. Тие се единствените морски цицачи кои се тревопасни животни. Најблиски роднини им се слоновите. Нивните предни нозе се адаптирани за пливање, како и опашката, додека задните нозе се закржлавени и скриени под мускулите. Ламантини и дугонга се разликуваат помеѓу себе според обликот на черепот и опашката. Опашката на дугонг е слична како кај китот, додека кај ламантиниот е заобелен, како весло.
Латинското име доаѓа од зборот сирена од грчката митологија.[1][2]

Латинското име доаѓа од зборот сирена од грчката митологија.