Чурулинците (науч. Burhinidae) се фамилија на птици што живеат низ тропските и умерените подрачја во светот. Иако спаѓаат во редот на дождосвирните (цапачи по бари и плитаци), највеќето видови поретпочитаат пустински или полупустински (степски) живеалишта.
Во Македонија е присутен само еден вид — чурулинот, наречен кулик или евроазиски чурулин (Burhinus oedicnemus).[1]
Имаат средна до крупна телесна градба со силен црн или жолт клун, големи жолти очи и перје што ги претопува во околината.
Претежно се активни ноќе, кога се огласуваат со гласно завивање.[2]
Се хранат главно со инсекти и други без’рбетници. Поголемите видови јадат и гуштери и помали цицачи.[2]
Речиси сите видови се непреселнички, со исклучок на чурулинот, кој лете сели во умерениот европски дел од ареалот, а а зимата ја минува во Африка.
Фамилијата ги опфаќа следиве видови:
Чурулинците (науч. Burhinidae) се фамилија на птици што живеат низ тропските и умерените подрачја во светот. Иако спаѓаат во редот на дождосвирните (цапачи по бари и плитаци), највеќето видови поретпочитаат пустински или полупустински (степски) живеалишта.
Во Македонија е присутен само еден вид — чурулинот, наречен кулик или евроазиски чурулин (Burhinus oedicnemus).
Имаат средна до крупна телесна градба со силен црн или жолт клун, големи жолти очи и перје што ги претопува во околината.
Претежно се активни ноќе, кога се огласуваат со гласно завивање.
Се хранат главно со инсекти и други без’рбетници. Поголемите видови јадат и гуштери и помали цицачи.