dcsimg

Цреша ( Makedonca )

wikipedia emerging languages tarafından sağlandı

Цреша (науч. Prunus avium) — листопадно дрвенесто растение од родот на сливите (Prunus), чии истоимени плодови се користат во исхраната на човекот како овошје. Најчесто расте до височина од околу 20 м. Во Европа сè поретко може да се најде во природата, па затоа овој вид дрво денес е загрозен. Црешата е припитомена и има големо значење во овоштарското производство. Во Македонија во 2014 година биле произведени 6.324 тони цреши, што претставува зголемување од два и пол пати во однос на производството во 2001 г. (2.412 тони)[1]

Изглед и градба

 src=
Лист, цвет и плод на цреша

Црешата може да достигне височина од 30 до 32 метри, а пречникот на стеблото може да биде 50 или повеќе сантиметри. Кората ѝ е светло до темнокафеава со карактеристични хоризонтални линии, кои со текот на времето сè повеќе се здебелуваат и на тие места се појавуваат пукнатини. Од почеток, додека дрвото е уште младо, линиите скоро и да не се забележуваат, а со тек на времето и кората се задебелува, а линиите поминуваат во пукнатини. Кората може и да се лупи во хоризонтални ленти. Листовите се елипсовидни, односно повеќе со јајчест облик, на рабовите се во вид на пила, долги околу 10, а широки околу 5 см. Имаат карактеристични црвенкасто-кафеави жлезди на дршката. Цветот е со бела боја и се наоѓа на втората дршка. Пупките се елипсовидни и зашилени, со темнокафеава боја и прекриени со повеќе лушпи. Цветовите се јавуваат во голем број и се распоредени и групирани густо.

Карактеристика на целата потсемејство, па и на црешата, е градбата на цветот, кој има едно оплодно ливче. Во плодникот има два семени зачетоци, од кои често само едниот се развива во семе[2]. Плодот е типичнo монокарпнo коскесто овошје, со топчеста форма и има темноцрвена, розеникава или жолта боја. Пречникот му е околу 1 см, а кај одгледуваните сорти може да биде и покрупен. Плодот на црешата е исклучително месест и има сладок вкус.

Животни услови

На Балканот се јавува во мезофилните шуми во природата. Црешата е хелиофитен вид и бара многу светлина. Успева на суво, сончево земјиште, но повеќе ѝ одговара богато и умерено влажно земјиште.

Распространетост и значење

 src=
Плодови на цреша

Црешата е широко распространета во средниот и западниот дел на Европа, на Балканот, Апенинскиот и северниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Ја има и на Средоземјето, но се сретнува поретко. Во најјужните делови на Европа расте на нешто поголеми надморски височини. Во Азија може да се најде на Кавказ, Крим и во делови на Мала Азија.

Црешата има големо значење како земјоделско растение, затоа што е припитомена и е едно од најзастапените растенија во овоштарството поради своите вкусни плодови, што се користат во свежа и преработена состојба. Денес со вештачка селекција и облагородување е создаден голем број сорти кои се многу чести овоштарски култури во целиот свет. Бројни се причините за тоа: не бара посебна конструкција во текот на одгледувањето, не бара многу при кроењето, а отпорна е на многу болести и штетници[3].

Историја

Црешата е позната уште од праисторијата, кога за неа знаеле луѓето од бронзеното време, поточно 2000 години п.н.е. Во VIII век п.н.е. црешата веќе била припитомена и луѓето ги користеле нејзините плодови. Се смета дека првите цреши биле огледувани на територијата на Мала Азија и Грција. Покрај тоа што се користи во човековата исхрана, плодовите ги јадат и животните и на тој начин придонесуваат за размножувањето на црешата во природата.

Црешата како лек

Црешата е особено корисна против болестите на бубрезите и другите уринарни органи, снажен борец е против хипертензијата, а се користи и како моќен диуретик. Според познавачите на народната медицина, црешата е одлична за концентрација, помнење, како и физичка и ментална исцрпеност. Оосбено е делотворна кај лицата што патат од ревма, па затоа лекарите препорачуваат луѓето кој имаат проблеми со ревма и други болести на зглобовите секојдневно да пијат по три чаши свежо исцеден сок од цреша.

Црешата според истражувањата го намалува количеството на мочна киселина и ги смирува воспаленијата. Антицијанидите кој ги има кај црешата се одличен извор за козметички ефект кај жените. Тие ги уништуваат штетните ензими кои се наоѓаат во кожата и со тоа го спречуваат настанувањето на целулитот, го затегнуваат сврзното ткиво, а и штитат од карцином[4].

Црешата како тема во уметноста и во популарната култура

Галерија

Наводи

  1. „Производство на цреши, по години“. Државен завод за статистика на РМ. конс. 3 февруари 2016. Check date values in: |accessdate= (помош)
  2. Којић М. 2003. Ботаника. Бард-фин: Београд.
  3. Брзица К. 1978. Практично воћарство за свакога. НИРО „Глас": Бања Лука.
  4. Цреша за здрави зглобови и витка става“, „doktori.mk“.
  5. YouTube, 10,000 MANIACS CHERRY TREE (1987) (пристапено на 22.9.2017)
  6. „Черешна“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
lisans
cc-by-sa-3.0
telif hakkı
Автори и уредници на Википедија

Цреша: Brief Summary ( Makedonca )

wikipedia emerging languages tarafından sağlandı

Цреша (науч. Prunus avium) — листопадно дрвенесто растение од родот на сливите (Prunus), чии истоимени плодови се користат во исхраната на човекот како овошје. Најчесто расте до височина од околу 20 м. Во Европа сè поретко може да се најде во природата, па затоа овој вид дрво денес е загрозен. Црешата е припитомена и има големо значење во овоштарското производство. Во Македонија во 2014 година биле произведени 6.324 тони цреши, што претставува зголемување од два и пол пати во однос на производството во 2001 г. (2.412 тони)

lisans
cc-by-sa-3.0
telif hakkı
Автори и уредници на Википедија