dcsimg

Патка превез ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Патка превез (Netta rufina) е голема нуркачка патка. Нејзините живеалишта се мочуриштата и езерата во jужниот дел на Европа и централна Азија, а зимата ја преседуваат во Индискиот потконтинент и Африка. Тие се донекаде и преселници, а северните птици презимуваат само во јужна Африка.

Патката превез ја има и во Македонија.

Опис

Возрасниот мажјак е претпознатлив по неговата заоблена, портокалова глава, црвен клун и црни гради, крилјата им се бели, грбот кафеав, а опашката црна.

Женките се воглавно бледо кафеави со црна позадина и белузлаво лице. Овој вид птици се прекрасни, формираат големи јата во зима, но често се мешаат со другите нуркачки патки како што се црвеноглавиот кожувар.

Исхрана

 src=
Женка
 src=
Netta rufina

Овие патки главно се хранат преку нуркањето, а највеќе јадат водни растенија.

Размножување

Патката превез гради гнездо покрај езера со бујна вегетација и несат околу 8-12 бледо зелени јајца. Тие се најбројни околу области на Англија, вклучувајќи го и Глостер, Оксфордшир и Нортемптоншир. Патката превез е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA).

Наводи

  1. BirdLife International (2004). Netta rufina. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2006. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 11 May 2006. (англиски) Entry includes justification the status of "Least Concern".

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages

Патка превез: Brief Summary ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Патка превез (Netta rufina) е голема нуркачка патка. Нејзините живеалишта се мочуриштата и езерата во jужниот дел на Европа и централна Азија, а зимата ја преседуваат во Индискиот потконтинент и Африка. Тие се донекаде и преселници, а северните птици презимуваат само во јужна Африка.

Патката превез ја има и во Македонија.

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages