dcsimg

Вилински коњчиња ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Вилинско коњче (Anisoptera) (грчки: ανισος (anisos), "нерамен" + πτερος (pteros), "крилја", бидејќи задното крило е пошироко од предното крило) е инсект кој му припаѓа на редот Odonata и на подвидот Epipocta [1] Се карактеризира со големи повеќеслојни очи, два пара силни проѕирни крилја,и издолжено тело. Вилинските коњчиња имаат шест нозе (како и секој друг инсект), но повеќето од нив не можат да чекорат добро. Вилинските коњчиња се меѓу едни од најбрзите летачки инсекти во светот.

Опис

Вилинските коњчиња се предатори кои јадат комарци, и други мали инсекти како муви, пчели, мравки, оси и многу ретки перутки. Често тие се наоѓаат околу млачишта, езера, бари, потоци и мочуришта затоа што нивните ларви, познати како "нимфи", се водни. Околу 5,900 различни видови вилински коњчиња (Odonata) се познати денес во светот од кои околу 3000 припаѓаат на Anisoptera.[2][3]

Иако вилинските коњчиња се грабливци, тие самите се објект на грабливците како што се птици, гуштери, жаби, пајаци, риби, водни бубачкии дури и од други вилински коњчиња.

Однесување

Вилинското коњче ја предвидува идната позиција на пленот

Libellula depressa
 src=
Gomphus vulgatissimus со плен
 src=
Вилинско коњче со плен

Кога луѓето играат со топка, имаат капацитет да го пресметаат патот на топката, за да ја фатат на време. Долго време, научниците веруваа дека способноста да се пресмета растојанието, правецот и брзината на топката или пленот во неколку милисекунди е многу сложена мозочна активност. Дури и софистицираните предатори како лавовите го следат пленот и не се во можност да ја предвидат насоката. Кога научниците ги следеле вилинските коњчиња со камера, се покажало дека инсектите можат да го пресретнат патот на својот пленот, наместо да го следат. Откритието дека вилинските коњчиња имаат ваква способност било направено од страна на научниците од Универзитетот во Аделаида во 2012 година. Со помош на мала стаклена сонда од 60 нанометри, 1500 пати потенка од човечко влакно, научниците ја измериле нервната активност во мозокот на вилинското коњче, што покажува дека има капацитет за селективно внимание. Истовремено, тие откриле дека вилинските коњчиња, кои се воведени во две можни жртви во исто време, се во состојба да се насочат на една и да ја игнорираат другата. Со оглед на тоа дека нивните пленови често летаат во роеви, оваа способност е голема предност. Научниците се надеваат дека ова откритие ќе ги инспирира инженерите да развијат интелигентни роботи по примерот на овој извонреден нервен систем[4].

Очите му обезбедуваат панорамска визија

Како и кај другите инсекти, очите на вилинското коњче се направени од многу индивидуални очи, или „ommatidia“, со по една сензорна клетка кај секое. Мувата има само 6000 „ommatidia“, додека вилинско коњче 30.000. Ова му овозможува со еден поглед да ја опфати околината и да се фокусира на една единствена жртва. Покрај тоа, очите на вилинското коњче имаат 4-5 т.н. опсини (opsins) – протеини чувствителни на светлина, додека луѓето имаат само три. Вилинските коњчиња, исто така, може да откријат УВ светлина, која е невидлива за луѓето. Во горниот дел на окото, има опсини кои детектираат сина и УВ светлина, а во долниот дел зелена и портокалова.

Нема слепи точки

Големите очи во форма две полутопки резултираат со поглед од 360 степени.За разлика од повеќето други инсекти, кои не можат да видат што се случува зад или под нив, вилинското коњче може да ги види своите непријатели и да им избега без оглед на аголот на напад[5].

Совршен биолошки хеликоптер

Крилјата на вилинското коњче се толку исклучителни што американската војска и НАСА работат на беспилотни летала инспирирани од нив[6]. Крилјата се лесни, вкочанети и флексибилни истовремено. Згора на тоа, вилинското коњче може да ги движи четирите крилја независно еднo од другo, што му овозможува да го смени правецот на летање многу брзо. Mожат да летаат наопаку, ако е потребно.

Вилиците го кршат пленот

Блиска средба дури и со помало вилинско коњче значи смрт. Тие систематски го уништуваат пленот. Прво, го држат пленот со предните нозе. Потоа, му ги отсекуваат крилјата за да не може да избега и ако се уште се обидува, тогаш го гризаат за главата. Најпосле, го јадат, почнувајќи од главата. Вилиците на вилинското коњче се толку силни и се отвораат широко што може да јаде дури и поголеми инсекти. Не мора ни да слета, може да јаде дури лета. Дури и кога вилинско коњче се соочува со смртта, тоа не престанува да јаде. Научниците посочуваат примери на вилински коњчиња кои се заплеткале во пајажина и го изеле пајакот.

Класификација

Некогаш на видот Anisoptera им бил даден ранг на подвид покрај "древните вилински коњчиња" Anisozygoptera,за кои се верува дека ги содржат двата живи видови поткласи Epiophlebia и бројни фосили. Од понеодамна излезе дека анисозигоптерите создаваат парафилетска збирка од морфолошки примитивни роднини на анизоптерите. Па така, вистинските вилински коњчињ (Aаnisoptera) се сведуваат на подред во новиод подвид Epiprocta (главно вилински коњчиња)[7]. Вештачкото групирање Anisozygoptera е растурено, нејзините членови се препознаваат како истребени гранки на различни нивоа на еволуција на вилински коњчиња.

Постојат 4 поголеми семејства вилински коњчиња:

 src=
Синоопашесто вилинско коњче
 src=
Одблиску главата на вилинското коњче
семејство Calopterygoidea
  • Amphipterygidae
  • Argiolestidae
  • Calopterygidae
  • Chlorocyphidae
  • Devadattidae
  • Dicteriadidae
  • Euphaeidae
  • Heteragrionidae
  • Pentaphlebiidae
  • Philogangidae
  • Polythoridae
  • Rimanellidae
  • Thaumatoneuridae
семејство Lestoidea
  • Lestidae
  • Lestoideidae
  • Hypolestidae
  • Megapodagrionidae
  • Perilestidae
  • Philogeniidae
  • Philosinidae
  • Pseudolestidae
  • Synlestidae
семејство Coenagrionoidea
  • Coenagrionidae
  • Isostictidae
  • Platycnemididae
  • famille des Platystictidae
  • Protoneuridae
Семејство Hemiphlebioidea
  • Hemiphlebiidae

Регистрирани видови во Македонија

Фауната на вилински коњчиња за Македонија брои 64 вида, што претставува скоро половина од европската фауна од оваа група. Теренските истражувања опфатиле неистражени подрачја во централна Македонија околу кавадаречкиот и прилепскиот регион, Демиркаписката Клисура, Пелагонија и Мариово. Видовите Caliaeshna microstigma и Lindenia tetraphylla се покарактеристични за јужниот дел од земјата. Во Белчишко Блато биле регистрирани 11 вида. За време на петтата Балканска одонатолошка средба во Македонија беа регистрирани 43 видoви.[8].

Животен циклус

 src=
Пар од Жoлти пругасти ловци парење

Женското вилинско коњчe положува јајца во или блиску вода, често на растенија кои лебдат или кои излегуваат на површина. Кога положуваат јајца, некои видови ќе се потонат целосно со цел да ги положат нивните јајца на добра површина. Тогаш јајцата се изведуваат под водата. Поголемиот дел од животот на вилинското коњче се поминува во форма на подводница, под водната површина, користејќи проширени вилици за да го фатат другиот без`рбетник (често ларва на комарец) или дури `рбетник како што се полноглавци и риби.[9] Тие дишат низ жабри во нивниот ректумот и можат брзо да се движат со одеднаш исфрлање на вода низ анусот.[10] Некои подводници дури ловат на копно,[11]сколоност која лесно можела да биде многу честа во древно време кога земјените грабливци биле нетактички.

Стадиумот на ларва на големи вилински коњчиња може да трае најдолго до пет години. Кај помалите видови, овој стадиум може да трае помеѓу два месеци и три години. Кога подводницата е спремна да се преобрази во возрасна, се искачува на трска или друго растение што излегува на површина. Изложувањето на воздух причинува подводницата да започне да дише. Кожата се дели на слабиот дел зад главата и возрасниото вилинско коњче исползува надвор од неговата ларвина кожа, ги пушта крилјата и одлетува да се храни со мушички и муви. Во борба возрасното вилинско коњче може да се исфрли во шест правци; нагоре, надолу, напред, назад и од страна во страна.[12] Возрасниот стадиум на големите видови вилински коњчиња може да трае долго од пет или шест месеци.

Брзина на летање

Роберт Џон Тилијард тврди дека видот Austrophlebia costalis може да лета со брзина од скоро 97 км/час.[13] Сепак, најголемите сигурни белешки за брзина на летање се за други видови на инсекти.[14] Општо земено, големите вилински коњчиња имаат максимална брзина од 10-15 метри во секунда со просечна пловна брзина од околу 4.5 метри во секунда.[15]

Вилински коњчиња и хеликоптерчиња

 src=
Коњче кое се појавува како ворзасно

Хеликоптерчињата (подвидот Zygoptera) се помали од вилинските коњчиња иако понекогаш личат на нив. Сепак, постојат разлики меѓу овие два вида, на пример, повеќето хеликоптерчиња своите крилја ги држат во одмарање над трупот или лесно отворени над него (како кај семејството Lestidae), додека повеќето вилински коњчиња кога ги одмараат крилјата ги држат вертикално на нивното тело, хоризонтално или повремено лесно долу и напред. Исто така, задното крило на вилинското коњче се проширува блиску основата, опашан за сврзната точка на телото, додека задното крило на хеликоптерчето е слично со предното крило. Очите на хеликоптерчето се разделени; кај повеќето вилински коњчиња очите се допираат. Познати исклучоци се Petaluridae (Petaltails) и Gomphidae (Clubtails).

Најголемиот жив членконог инсект со распон на крилја е хеликоптерчето од Јужна Америка, Megaloprepus caerulatus (Drury, 1782) додека вторите најголеми се женките на вилинското коњче Tetracanthagyna plagiata (Wilson, 2009). Женката T. plagiata е најверојатно најтешкиот жив членконог инсект.[16]

Галерија

Вилинските коњчиња во културата

Во Европа, вилинските коњчиња често се гледани како злокобни. Некои Англиски народни имиња, како што се "ѓаволова игла за крпење" и "ушен катер", ги поврзува со зло или повреда.[17] Една романска народна приказна вели дека вилинското коњче некогаш било коњ кој го поседувал ѓаволот[18]. Шведска народна приказна се држи до тоа дека ѓаволот ги користи вилинските коњчиња за да ги измери душите на луѓето.[19]:25–27 Норвешкото име за вилинско коњче е Øyenstikker ("око-маша") а во Португалија понекогаш се нарекуваат tira-olhos ("грабнувач на око"). Често се поврзуваат со змии, како и на велшки јазик се именуваат gwas-y-neidr, "слугата на змијата".[17] Поимот на Јужноамериканските држави за "змија- доктор" се однесува на едно народно верување дека вилинските коњчиња ги следат змиите наоколу и се сошиваат заедно ако се повредени.[20]

 src=
Симбол на вилинско коњче на племето Хопи

За некои домородни американски племиња тие претставуваат брзина и движење, а за Навахо симболизираат чиста вода. Вилинските коњчиња се чест мотив во Зуни грнчаријата; стилизирани како двоен крст, се појавуваат во Хопи камената уметност и на Пуебло ѓерданите.[19]:20–26

Тие исто така се користеле во традиционалната медицина во Јапонија и Кина. Во некои делови на светот тие се извор на храна, конзумирани било како возрасни или ларви; во Индонезија, на пример, се фаќаат на лепливи прачки, и потоа се пржат во масло како деликатес.[17]

Во САД вилинските коњчиња и хеликоптерчињата се бараат од хоби слично како одгледување птици и пеперутки, познато како одинг, збор кој доаѓа од латинското име на редот Одонати (вилински коњчиња). Одингот особено е популарно во Тексас, каде 225 различни видови одонати се набљудувани.[21]

Слики од вилинкси коњчиња се чести во Арт нуво, особено кај дизајните за накит.[22] Тие исто така се појавуваат на постери од современите уметници како што се Маев Харис.[23] Исто така се користат и како украсен мотив на ткаенината и покуќнина.[24] Даглас, британскиот производител на мотори, основан во Бристол, својот иновативно дизајниран повоен 350cc флат твин модел го именувал вилинско коњче - Даглас драгонфлај.

Јапонија

Како сезонски симбол во Јапонија, вилинското коњче се поврзува со лето и рана есен.[25] Општо, вилинските коњчиња се симболи на храброст, сила и среќа и често се појавуваат во уметноста и литературата, особено во хаику. Љубовта за вилински коњчиња се отсликува со традиционалните (едноставни) имиња за речиси сите од 200 видови вилински коњчиња кои се наоѓаат во или околу Јапонија.[26] Јапонските деца играјќи си фаќаат големи вилински коњчиња со користење на жица со мало каменче врзано за секој крај, кои ги фрлаат во воздух. Вилинските коњчиња мислат дека каменчињата се нивниот плен, се заплеткуваат во жицата и поради тежината паѓаат долу.[19]:38 Освен ова, едно од јапонските историски имиња – Акитсушима (Кањи: Хирагана: あきつしま) – на старојапонски значи "Острови вилинско коњче".[27] Ова се припишува на легендата во која јапонскиот митски основач, Императорот Џинму, бил каснат од комарец, кој пак комарец бил веднаш изеден од вилинско коњче.[28][29]

Литература

  • Џ. Гулан, Инсекти: преглед на ентомологијата (2010)[30]

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Вилински коњчиња: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Вилинско коњче (Anisoptera) (грчки: ανισος (anisos), "нерамен" + πτερος (pteros), "крилја", бидејќи задното крило е пошироко од предното крило) е инсект кој му припаѓа на редот Odonata и на подвидот Epipocta Се карактеризира со големи повеќеслојни очи, два пара силни проѕирни крилја,и издолжено тело. Вилинските коњчиња имаат шест нозе (како и секој друг инсект), но повеќето од нив не можат да чекорат добро. Вилинските коњчиња се меѓу едни од најбрзите летачки инсекти во светот.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages