Матеркиниот синец (Pseudophilotes vicrama) е пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Пеперугата ја има во Азија,[1][2] па преку Балканот до источна Европа и Финска.
Распонот на крилјата на пеперугата е од 20 до 26 мм. Мажјакот има бледосина боја на горната страна на крилјата со широка бордура. Женките се кафени. Овие пеперуги имаат полов диморфизам. Ресести се краевите односно рабовите на крилјата. Долниот дел на пеперугата има сивкасто-бледа боја со исто синкасти ресести краеви. На крилјата има црни дамки, а дамките покрај рабовите имаат и портокалови нијанси.[3]
Матеркиниот синец (Pseudophilotes vicrama) е пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија.