Жалфииновиот синец (Pseudophilotes bavius) е пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија и има посебен подвид за ендемскиот македонски подвид.
Пеперугата се наоѓа на голема територија, од Мароко до Казахстан.[1] Оваа пеперуга се наоѓа во мали изолирани популации во места богати со цветови, ливади, суви каменести предели и отворени грмушести пространства.
Распонот на крилјата на пеперугата изнесува од 24 до 30 мм. Возрасните единки летаат од април до мај, и повторно од јуни до јули. Пеперугите имаат две генерации годишнп.[2] Ларвите се хранат со видовите на растенија S. officinalis, S. nutans, S. verbenaca и S. verticillata. Најчесто се хранат со цветови, но понекогаш и со листови. Често се наоѓаат со мравките. Презимуваат во фаза на кукла.[3]
Жалфииновиот синец (Pseudophilotes bavius) е пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија и има посебен подвид за ендемскиот македонски подвид.