Amerikańsczi krokòdil(1) (Crocodylus acutus) – to je ôrt gadzënë z rodzëznë krokòdilowatëch. Òn żëje w Americe.
1. J. Trepczyk: Słownik polsko-kaszubski, Gduńsk 1994, t. I, ss. 23 i 265
Amerikańsczi krokòdil(1) (Crocodylus acutus) – to je ôrt gadzënë z rodzëznë krokòdilowatëch. Òn żëje w Americe.
Американскиот крокодил (Crocodylus acutus) е вид на крокодил кој се среќава во Централна Америка. Тој е најраспространетиот од четирите преживеани видови крокодили во Америка. Популациите живеат од атлантските и пацифичките брегови на јужно Мексико до Перу и Венецуела во Јужна Америка. Овој крокодил го среќаваме и во Куба, Јамајка и Хиспаниола (Антили), и постои и популација од помалку од 1200 индивидуи на Флорида, САД. Живеалиштето најчесто му е во крајбрежните предели. Американскиот крокодил е доста голем вид на крокодил, и некои мажјаци достигнуваат големина и до 6,1 метар во Централна и Јужна Америка.
Како и останатите крокодиловидни животни, Американскиот крокодил е четвороножно животно, со 4 кратки нозе и долга моќна опашка. Во должина на грбот и на опашката има коскести израстоци[2]. Муцката му е издолжена и составена од пар јаки вилици. Очите имаат заштитна ципа и поседуваат жлезди кои лачат солзи.
Ноздрите, очите и ушите се наоѓаат на врвот на главата, што им овозможува да напаѓаат изненадно, криејќи го целото тело под вода[2]. Бојата на телото исто така овозможува одлична камуфлажа. Американските крокодили обично лазат на стомак, но исто така можат и да трчаат[3]. Поголемите индивидуи можат да галопираат со брзина од 16 km/h[4]. Пливаат со брзина од 32 km/h движејќи го телото на змијулест начин. Сепак, крокодилите неможат да ја одржат оваа брзина долго време[5].
Американските крокодили се многу поосетливи на ладно отколку Американските алигатори[6]. За разлика од американскиот алигатор кој може некои време да издржи во вода со температура од 7,2°C, американскиот крокодил брзо станува безпомошен и се дави[2]. Се претпоставува дека токму поради оваа слабост, американските крокодили не се распространиле толку северно како алигаторите. Сепак, крокодилите растат многу побрзо од алигаторите и се многу потолерантни на солена вода[2].
За разлика од крокодилите од стариот свет кои се чистат од паразитите со помош на птици, Американскиот крокодил за отстранувањето на паразитите се потпира на помош од риби[2].
Штотуку испилените младенчиња се долги околу 22 сантиметри и тежат околу 60 грама[7][8]. Просечната големина на возрасен мажјак изнесува 4 метри и тежи 182 килограми, додека просечната женка е со должина од 3 метри и тежи 73 килограми[9][10].
Во САД е пронајдена возрасна единка која била долга 4,6 метри[7][11]. Се смета дека овој вид расте најмногу во речните басени во Јужна Америка, но дури и старите мажјаци не се поголеми од 6 метри[11]. Пронајден е череп кој бил со големина од 72,6 сантиметри и се проценува дека припаѓал на крокодил долг 6,6 метри[12].
Американскиот крокодил е најраспространет од четирите преостанати видови на крокодили во Америка[1]. Живее во води како мангрови мочуришта, утоки на реки, слатки и солени езера, а може да се најде дури и во Карипското море поради големиот број на крокодили на Карипските острови[2]. Ги среќаваме и во Јужна Флорида, централните Антили и јужно Мексико, до Колумбија и Еквадор[7][13]. Голема популација од овие крокодили има и во Костарика[14]. Една од најголемите документирани популации на американскиот крокодил живее во езерото Енрикилјо, солено езеро во Доминиканската република[10]. Овој вид е најден и на островот Јамајка[15].
Претците на американскиот крокодил, се смета дека ја населувале Северна Америка за време на леденото доба, кога нивото на морето било 91 метар пониско од денешното ниво. Крокодилите преминале од Куба преку Флорида, и се сместиле во Северна Америка. Нивното навлегување кон внатрешноста на копното било спречено од алигаторите, па затоа ги населиле крајбрежните води[16].
Како последица на ловот, загадувањето, губењето на природното живеалиште и заробувањето на ворасните единки за одгледување во фарми, американскиот крокодил е загрозен вид во некои подрачја[8]. Во 1972, Венецуела го забранува ловењето на крокодилите поради нивната кожа за време од една декадa, после претераното ловење во 1950тите и 1960тите[17].
Една до две илјади американски крокодили живеат во Мексико и централна и јужна Америка, меѓутоа не се знае точниот број на популации[10]. Овој вид се смета за ранлив, но последен пат е проценуван во 1996 година[1]. Популацијата во дивината се проценува помеѓу 500 и 1200 индивидуи во јужна Флорида[18]. На 20 март 2007 година во САД, статусот на американскиот крокодил се менува од „вид во опасност“ во „загрозен вид“, со што и понатаму останува заштитен од нелегален лов[19][20]
Американскиот крокодил може да биде опасност за луѓето, и нападите од овие крокодили не се непознати во Мексико, Костарика и Гватемала. Овие напади ретко се познати на меѓународната јавност, па затоа овој вид не е толку прочуен како човекојадец како некои други негови роднини[2]. Во мај 2007 година, во една недела пријавени се 2 напади на деца кои завршиле трагично, еден во Мексико а другиот во Костарика[21][22]. Ниеден напад на човек од страна на американски крокодил не е регистриран во САД[23].
|accessdate=
(помош) (англиски) Listed as Vulnerable (VU A1ac v2.3) |accessdate=
(помош) |date=, |accessdate=
(помош) |date=
(помош) Американскиот крокодил (Crocodylus acutus) е вид на крокодил кој се среќава во Централна Америка. Тој е најраспространетиот од четирите преживеани видови крокодили во Америка. Популациите живеат од атлантските и пацифичките брегови на јужно Мексико до Перу и Венецуела во Јужна Америка. Овој крокодил го среќаваме и во Куба, Јамајка и Хиспаниола (Антили), и постои и популација од помалку од 1200 индивидуи на Флорида, САД. Живеалиштето најчесто му е во крајбрежните предели. Американскиот крокодил е доста голем вид на крокодил, и некои мажјаци достигнуваат големина и до 6,1 метар во Централна и Јужна Америка.