dcsimg

Диносаурус ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Диносаурусите (науч. Dinosauria) биле влекачи кои ја населувале Земјата пред околу 200 милиони години. При крајот на периодот Креда, настапува крај на нивната раса. Името „диносаурус“ доаѓа од грчкиот збор δεινόσαυρος (deinosauros), односно е кованица од зборовите δεινός (deinos) „страшен, моќен“ и σαῦρος (sauros) „гуштер“, a прв го употребил англискиот зоолог Ричард Овен во 1842 г.

Живеалишта

Диносаурусите скитале по нашата планета пред околу 200 милиони години, а изумреле пред околу 60 милиони години. Најстариот откриен вид диносаурус е пронајден во близината на езерото Њаса, во Танзанија, Африка. Врз основа на местото на пронаоѓањето на фосилите, тој е наречен Њасасаурус парингтони и се претпоставува дека живеел пред околу 240 милиони години. Тој бил висок околу еден метар, со исто толку долга опашка, тежел меѓу 20 и 60 килограми, стоел исправен и имал рогови. Овој диносаурис живеел во средниот тријас, во времето кога континентите биле споени во копнена маса, позната како Пангеjа.[1]

Врз основа на многубројните пронајдени фосили може да се каже како изгледал целиот костур, и со сигурност да се каже како изгледало животното. Во азиската пустина гоби се пронајдени огромни легла и коски на диносауруси. Најдени биле и огромни јајца во форма на компири кои ги носела женката на диносаурусот, и тоа јајца при крај на инкубацијата на младите, само што не се испилиле. Фосили на диносауруси се пронајдени во сите наши континенти што го докажува постоењето на диносаурусуте.

Но, за да се одржат биле потребни извесни услови. Тие биле лазачи, тоа значи биле животни со ладна крв. Температурата на нивните тела се менувала со температурата на воздухот. Многу од нив живееле по мочуриштата,каде изобилната вегетација им овозможувала непресушни извори на храна. Но климата нагло почнала да се менува. Мочуриштата испариле. Зимите станувале се постудени и суви. Исчезнала и вегетацијата - единствен извор на нивниот живот. Станувале се потромави и потромави. Тие биле немоќни да се прилагодат на новонастанатите услови и затоа изумреле. Ги замениле животни со топла крв.

Боја и камуфлажа

Бои

Голем број на диносауруси биле камуфлирани. Нивната кожа имала шара што биле приспособени на околината. Деиноникусот имал боја на песок како денешните лавови, полесно за да се стопи во бојата на песокот во заднина или со сувите, жолти листови.

Препознавање на боја

Никој со сигурност не знае дли диносурусте знаеле да препознаат боја. Се знае дека некои диносауруси наречени 'хадросауруси', имале израстоци и кикиршки како петлите, набори и кеси на нивните глави, што можеле да ги исполнат со воздух. Можеби диносаурусите ги користеле таквите израстоци да си испратат сигнали еден на друг. Некои видови денешни влечуги си испраќаат сигнали на овој начинпа може да се каже дека некои диносауруси, веројатно, можеле да препознаваат бои.

Диносауруси-џинови

Најтешкиот диносаурус

Досега се пронајдени само неколку коски од суперсаурусот и ултрасаурусот, но и двата вида се потешки од брахиосаурусот. Рекордот го држи ултрасаурусот со речиси 30 метри должина, 12 метри височина и дури 130 тони тежина. Оваа тежина е еднаква со тежината на 20 големи слонови.

Најтешки коски

Сауроподите имале најголеми и најтешки коски. Пронајдена е бутна коска која тежи около 450 kg. На првите ловци не им било лесно да ги пренесат коските дома. За таа цел, денес често пати се користат хеликоптери.

Зошто изумреле диносаурусите

Пред околу 180 милиони години диносаурусите господареле со земјата. Тогаш ги имало многу и господареле со земјата, и тој период е наречен период на лазачи или рептили, односно научниците го нарекуваат мезозоик Се претпоставува дека првите диносауруси биле поголеми од мисирка и газеле само на задните нозе. Со време тие израснале во поголемии потешки животни, додека конечно не станале толку огромни, што ни сопствените нозе не можеле да ги додржат на земјата. Затоа биле принудени поголемипт дел од животот да го поминуваат во мочуриштата или реките, каде што водата можела да ги одржи. Еден од гигантите во тоа време бил бронтосаурусот кој имал должина меѓу 20 и 25 м и тежел околу 38 тона! Други видови диносауруси останале и понатаму на копното. Така на пример тираносаурусот, долг 15 м и висок над 6 метри, морал да претставува своевидно чудовиште и бил најкрвожеден меѓу тогашните диносауруси. Диносаурусите се развивале на најразлични начини но, никој од нив немал развиен мозок. Можеби една од причините за изумирање биле тешкотиите да им избегаат на непријателите. Многу научници сметаат дека биле жртви на сопствената тежина и на настанатите промени на планетата земја како и на промените на температурата, а се смета и дека некои од нив не можеле воопшто са преживеат на копното, односно надвор од мочуриштата. А и бидејки ,,новата клима го уништила растителниот свет, тогаш тревопасниот дел од нив останал без храна. поради сите овие усло0ви тие изумреле сосема. Но исто така и според мислење на некои научници диносаорусите изумреле поради некоја голема метеорска бура која го уништила нивниот вид.

Диносаурусите како тема во уметноста и во популарната култура

Диносаурусите како тема во книжевноста

  • „Диносауруси“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[2]
  • „хај концепт и врската со диносаурусите“ - краток расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[3]

Диносаурусите како тема во музиката

  • „Прошетај го диносаурусот“ (Walk the Dinosaur) - песна на американската поп-група „Воз (Нот Воз)“ (Was (Not Was)) од 1988 година.[4]

Диносаурусите како тема во филмот

Наводи

  1. "Њасасаурус е првиот диносаурус што шетал на Земјата", Дневник, година XVI, број 5034, стр. 26.
  2. Italo Kalvino, Kosmikomike: stare i nove. Beograd: Paidea, 2008, стр. 75-88.
  3. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  4. "Walk the Dinosaur" Was (Not Was) (пристапено на 8.11.2017)
  5. IMDb, The Good Dinosaur (2015) (пристапено на 8.3.2017)
  6. IMDb, Jurassic Park (1993) (пристапено на 8.3.2017)
  7. IMDb, The Lost World: Jurassic Park (1997) (пристапено на 8.3.2017)
  8. IMDb, Jurassic Park III (2001) (пристапено на 8.3.2017)
  9. IMDb, Jurassic World (2015) (пристапено на 8.3.2017)

Извори

  • Енциклопедија „Илјада прашања и одговори“
licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Диносаурус: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Диносаурусите (науч. Dinosauria) биле влекачи кои ја населувале Земјата пред околу 200 милиони години. При крајот на периодот Креда, настапува крај на нивната раса. Името „диносаурус“ доаѓа од грчкиот збор δεινόσαυρος (deinosauros), односно е кованица од зборовите δεινός (deinos) „страшен, моќен“ и σαῦρος (sauros) „гуштер“, a прв го употребил англискиот зоолог Ричард Овен во 1842 г.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages