Павит, лат. (), припаѓа на семејството Љутиќ, лат. (Ranunculaceae). Природното живеалиште им е Европа, Кавказ и Северна Африка. Цвета од јули до август.
Дрвенесто растение, лијана, високо до 20 метри и широко од 6 до 10 см. Стеблото има многу мала ширина. Како лијана, ова растение мора да се потпре на стебло од друго растение за да се овозможи раст и развој. Кората на растението е слаба и сивкаста. Коренот, за разлика од дрвото, е добро развиен и не лежи длабоко во земјата. Листовите се состојат од 5 ливчиња, цели или не, долги до 10 см и без влакненца. Тие се прикачени на друго растение со помош на сталони. [1] Плодот е орешница со едно семе. Опрашувањето се врши со инсекти и расејување со помош на ветер.
Се размножуваат со 'ртење семе или вегетативно, делови од растението, коренот или стеблото. Ова растение има широка еколошка валентност, многу е толерантно за екстремни климатски услови.
Листопадни шуми, особено дабови и букови дрвја, со висока содржина на хумус и каде што pH е неутрална. Тоа е коровско растение, го запира одронот со силен коренов систем.
Северна Србија: Суботица, Нови Сад; Западна Србија: Ваjeево, Чачак и Јужна Србија, долината на Јужна Морава. [2]
Павит, лат. (), припаѓа на семејството Љутиќ, лат. (Ranunculaceae). Природното живеалиште им е Европа, Кавказ и Северна Африка. Цвета од јули до август.