Целокоскени риби (науч. Teleostei) — една од трите инфракласи во класата зракоперки (Actinopterygii). Оваа широко распространета група, која настанала во Тријас[1], вклучува 20000 рецентни видови распределени во околу 40 реда. Всушност, повеќето денешни риби се членови на оваа група.[2] Другите две инфракласи (Holostei и Chondrostei) се парафилетски.[3]
Целокоскените риби поседуваат подвижна горна вилица (maxilla) и премагзила, како и измени во соодветните вилични мускули. Овие измени им овозможуваат на телеостеите да ги испакнат своите вилици нанадвор.[3][4] Опашната перка е хомоцеркна, што значи дека нејзиниот горен и долен дел се речиси еднакви по големина. ‘Рбетот завршува со опашна педункула, со што овие риби се разликуваат од оние кај кои тој завршува во горниот лобус (дел) на опашната перка.[3]
Првите фосили од целокоскени риби датираат од раниот Тријас. Телеостеите се најчесто поделени на дванаесет надреда кои ги содржат следните постоечки редови:
Целокоскени риби (науч. Teleostei) — една од трите инфракласи во класата зракоперки (Actinopterygii). Оваа широко распространета група, која настанала во Тријас, вклучува 20000 рецентни видови распределени во околу 40 реда. Всушност, повеќето денешни риби се членови на оваа група. Другите две инфракласи (Holostei и Chondrostei) се парафилетски.