Малпигиовидните (науч. Malpighiales) се еден од најголемите редови на цветни растенија, со околу 16.000 вида или 7,8% од евдикотите.[1] Редот е мошне разновиден и нема заеднички особини, со исклучок на молекуларните филогенетски наоди. Не е сместен во ниедна систематика заснована чисто на морфологија. Според пресметките (молекуларен часовник), стеблената група Малпигиовидни води потекло од пред околу 100 мг, а крунската група од пред 90 мг.[2]
Редот се дели на 32 до 42 фамилии, зависно од тоа кои кладови добиваат таксономскиот ранг на фамилија.[3] Поновиот систем APG III признава 35 фамилии.[4] Medusagynaceae, Quiinaceae, Peraceae, Malesherbiaceae, Turneraceae, Samydaceae и Scyphostegiaceae се обединети во други фамилии. Далеку најголема фамилија е Млечки (Euphorbiaceae), со околу 6300 видови и приближно 245 рода.[5]
По извршеното испитување на ДНК-низите на 13 гена во 2009, 42 фамилии се ставени во 16 групи, од една до десет фамилии по големина. За поврзаноста помеѓу овие 16 групи не се знае речиси ништо.[3] малпигиовидните и усноцветовидните (Lamiales) се двата големи реда чија филогенија е најнеразрешена.[6]
Малпигиовидните се монофилетски и, во молекуларни филогенетски истражувања, добиваат силна статистичка поддршка.[1] Од објавувањето на системот APG II (2003) до денес се извршени само мали измени во разграничувањео на редот. Фамилијата Peridiscaceae е проширена од два рода на три, потоа на четири, па префрлена во Saxifragales (Каменоломовидни).[3][7]
Кон крајот на 2009, утврдено е дека во Малпигиовидните спаѓаат и родовите Cyrillopsis (Ixonanthaceae), Centroplacus (Centroplacaceae), Bhesa (Centroplacaceae), Aneulophus (Erythroxylaceae), Ploiarium (Bonnetiaceae), Trichostephanus (Samydaceae), Sapria (Rafflesiaceae), Rhizanthes (Rafflesiaceae) и Rafflesia (Rafflesiaceae).[3]
Измени имаат претрпено и разграничувањата на извесни фамилии, од кои најзабележително е одделувањето Calophyllaceae (Краснолистови) од фамилијата Клузии (Clusiaceae) sensu lato по увидувањето дека второспоменатите се парафилетични.[3] Кај стручњаците постојат и некои разидувања во врска со гразграничувањето во рамките на самите фамилии. На пример, Samydaceae и Scyphostegiaceae некаде се признаваат како фамилии, а некаде се ставаат во голема верзија на Salicaceae (Врби).[8]
Како што е познато (2009), филогенијата на Малпигиовидните е на најдлабоко ниво неразрешена политомија од 16 кладови. Се смета дека за целосно разрешување потребни се 25.000 базни парови од ДНК-низи по таксон.[9] Слична е ситуацијата и кај усноцветовидните, за кои се извршени подробни анализи.[10] Долуприкажаното филогенетско дрво е преземено од Вурдак и Дејвис (2009).
Malpighiales 98/100Малпигиовидните (науч. Malpighiales) се еден од најголемите редови на цветни растенија, со околу 16.000 вида или 7,8% од евдикотите. Редот е мошне разновиден и нема заеднички особини, со исклучок на молекуларните филогенетски наоди. Не е сместен во ниедна систематика заснована чисто на морфологија. Според пресметките (молекуларен часовник), стеблената група Малпигиовидни води потекло од пред околу 100 мг, а крунската група од пред 90 мг.
Редот се дели на 32 до 42 фамилии, зависно од тоа кои кладови добиваат таксономскиот ранг на фамилија. Поновиот систем APG III признава 35 фамилии. Medusagynaceae, Quiinaceae, Peraceae, Malesherbiaceae, Turneraceae, Samydaceae и Scyphostegiaceae се обединети во други фамилии. Далеку најголема фамилија е Млечки (Euphorbiaceae), со околу 6300 видови и приближно 245 рода.
По извршеното испитување на ДНК-низите на 13 гена во 2009, 42 фамилии се ставени во 16 групи, од една до десет фамилии по големина. За поврзаноста помеѓу овие 16 групи не се знае речиси ништо. малпигиовидните и усноцветовидните (Lamiales) се двата големи реда чија филогенија е најнеразрешена.