Чемпресите или кипариси (науч. Cupressaceae) — фамилија на четинарски растенија со распространетост ширум целиот свет. Опфаќа 27 до 30 рода (од кои 17 монотипни), каде спаѓаат смреката и секвојата. Целата фамилија брои вкупно 130-140 вида. Полово се еднодомни, поддводомни и (ретко) дводомни. Растенијата имаат облик на дрва или грмушки со раст од 1 до 116 м. Кората кај возрасните дрва најчесто е портокалова до црвенокафеава. Има врвчеста структура и се лупи надолжно, но некои видови имаат мазна, лушпеста или коцкесто распукана кора.
Листовите се распоредени спирално или како спротиставени парови нормално еден на друг, или пак спротиставено ѕвездести со 3 или 4 листа, зависно од родот. Кај младите дрвца листовите се иглести, а кога ќе достигнат зрелост стануваат помали и лушпести. Ова е случај кај највеќето родови, но има и такви што остануваат иглести до крајот на животот. Старите листови не паѓаат поединечно, туку во грстови. Исклучок се листовите на младорастите, кои израснуваат во гранки, па паѓаат поединечно кога кората ќе почне да се лупи. Највеќето видови се зимзелени, чии листови траат од 2 до 10 г, но три рода (Glyptostrobus, Metasequoia, Taxodium) се листопадни или имаат листопадни видови.
Шишарките се одрвенети, кожести или (кај смреката) месести бобинки, со една до повеќе семени зачетоци по лушпа. Плодните и семените лушпи се сраснати освен при врвот, каде лушпичката изгледа како боцка. Како и кај лситовите, шишаркините лушпи се распоредени спирално, спротиставено или ѕвездесто, зависно од родот. Семето е мало и потсплескано, со тесни крилца од обете страни. Во помалку случаи семето има триаголен облик и три крилца. Кај некои родови, (на пр. Glyptostrobus, Libocedrus) крилцата се значително поголеми од семката, додека пак кај други семката е голема и нема крилца Кога е во зародиш, растението има по два котиеледона, но некои видови имаат до шест. Поленовите шишарки се поеднообразни во составот ширум фамилијата, долги по 1–20 мм со спирално распоредени лушпи, спротиставено или зрачно, зависно од родот. Никнува по едно на вровт на гранчето (највеќето родови), на лисната оска (Cryptomeria), во соплодија (Cunninghamia; Juniperus drupacea), или пак во посебна долгнавеста метличка (Metasequoia, Taxodium).
Чемпресите се најраспространета фамилија на четинари, покртивајќи го целиот свет освен Антарктикот. Ареалот се протега од 71° СГШ во поларна Норвешка (модра смрека) па сè до 55° ЈГШ во најјужниот дел на Чиле (плигодендрон), while црната смрека достигнува 5.200 м надморска височина Tibet, највисоко од сите дрвја и дрвенести растенија. Виреат во највеќето живеалишта со исклучок на поларната тундра и тропската низинска дождовна шума (иако неколку видови се важен дел од умерените дождовни шуми и тропските горски облачни шуми); ретки се и по пустините бидејќи само малку видови издржуваат такви суши (таков пример е сахарски чемпрес (Cupressus dupreziana) во средна Сахара). И покрај општата сеприсутност, многу родови и видови имаат реликтна застапеност, и доста од нив се загрозени.
Фамилијата се дели на седум потфамилии врз основа на генетската и морфолошката анализа (Gadek et al. 2000, Farjon 2005:
Фамилијата е значајна по тоа што ги има најголемите, највисоките и најдебелите дрва во светот, and also the second longest lived species in the world:
најголемо — џиновска секвоја, со зафатнина на стеблото од 1486,9 м³
највисоко — секвоја, со висина од 115,55 м tall
второ најдебело — мексикански барски чемпрес (Taxodium mucronatum), 11,42 м во пречник (по африканскиот баобаб)
второ најстаро — патагонски чемпрес, 3.622 години (по долговечниот бор)
Sugi (Cryptomeria japonica) е национално дрво на Јапонија, а мексиканскиот барски чемпрес (Ahuehuete; Taxodium mucronatum) the national tree of Mexico.
Чемпресите или кипариси (науч. Cupressaceae) — фамилија на четинарски растенија со распространетост ширум целиот свет. Опфаќа 27 до 30 рода (од кои 17 монотипни), каде спаѓаат смреката и секвојата. Целата фамилија брои вкупно 130-140 вида. Полово се еднодомни, поддводомни и (ретко) дводомни. Растенијата имаат облик на дрва или грмушки со раст од 1 до 116 м. Кората кај возрасните дрва најчесто е портокалова до црвенокафеава. Има врвчеста структура и се лупи надолжно, но некои видови имаат мазна, лушпеста или коцкесто распукана кора.
Листовите се распоредени спирално или како спротиставени парови нормално еден на друг, или пак спротиставено ѕвездести со 3 или 4 листа, зависно од родот. Кај младите дрвца листовите се иглести, а кога ќе достигнат зрелост стануваат помали и лушпести. Ова е случај кај највеќето родови, но има и такви што остануваат иглести до крајот на животот. Старите листови не паѓаат поединечно, туку во грстови. Исклучок се листовите на младорастите, кои израснуваат во гранки, па паѓаат поединечно кога кората ќе почне да се лупи. Највеќето видови се зимзелени, чии листови траат од 2 до 10 г, но три рода (Glyptostrobus, Metasequoia, Taxodium) се листопадни или имаат листопадни видови.
Шишарки на сандрак (Tetraclinis)Шишарките се одрвенети, кожести или (кај смреката) месести бобинки, со една до повеќе семени зачетоци по лушпа. Плодните и семените лушпи се сраснати освен при врвот, каде лушпичката изгледа како боцка. Како и кај лситовите, шишаркините лушпи се распоредени спирално, спротиставено или ѕвездесто, зависно од родот. Семето е мало и потсплескано, со тесни крилца од обете страни. Во помалку случаи семето има триаголен облик и три крилца. Кај некои родови, (на пр. Glyptostrobus, Libocedrus) крилцата се значително поголеми од семката, додека пак кај други семката е голема и нема крилца Кога е во зародиш, растението има по два котиеледона, но некои видови имаат до шест. Поленовите шишарки се поеднообразни во составот ширум фамилијата, долги по 1–20 мм со спирално распоредени лушпи, спротиставено или зрачно, зависно од родот. Никнува по едно на вровт на гранчето (највеќето родови), на лисната оска (Cryptomeria), во соплодија (Cunninghamia; Juniperus drupacea), или пак во посебна долгнавеста метличка (Metasequoia, Taxodium).