Малиот нуркач или шутка (Tachybaptus ruficollis) е водна птица од фамилијата нуркачи која е распространета во Стариот Свет. Самиот мал нуркач е распространет во Палеарктикот.
Најмал од сите нуркачи. Масата на телото изнесува 110-370 g, а должината на крилјата 90-111 mm. Општата боја на врвот е црно-кафеникава, а долниот дел е валкано бел. Образите и предниот дел од вратот се костенливо-црвеникави, боковите на телото се црно-кафеникави со светли шари. Летачките пердуви се кафеави, на сложеното крило е видлив бел одблесок. Клунот е црн со бел врв. Очите се жолти, а шареницата на окото е црвеникаво-кафеава. Тарзусот и стапалата се сивкаво-зелени.
Општата боја на зимското перје е посветла и позаматена. Нема костенливо-црвена боја на образите и предниот дел од вратот. Светлата жолтозелена боја на аголот од устата отсуствува. Меѓутоа, од останатите нуркачи во овој период се разликува по окер-црвената боја.
Во зависност од големината и тоновите на бојата се разликуваат 9 подвидови од оваа птица:
Малиот нуркач или шутка (Tachybaptus ruficollis) е водна птица од фамилијата нуркачи која е распространета во Стариот Свет. Самиот мал нуркач е распространет во Палеарктикот.