dcsimg

Lifespan, longevity, and ageing

добавил AnAge articles
Maximum longevity: 11.5 years (wild)
лиценца
cc-by-3.0
авторски права
Joao Pedro de Magalhaes
уредник
de Magalhaes, J. P.
соработничко мреж. место
AnAge articles

Шарена тринга

добавил wikipedia emerging languages

Шарената тринга (науч. Tringa ochropus) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Оваа птица ја претставува древната лоза на родот tringa, а нејзин единствен близок жив роднина е осамената тринга ( Т solitaria). Тие и двете имаат кафеави крилја со малку светли точки и прошарани кафеавкави глава, врат и гради. Покрај тоа, овие два вида гнездото го сместуваат во дрвјата, за разлика од повеќето други мочварки кои ги несат јајцата на земја.[2]

Со оглед на нејзината основна позиција во родот на трингите, малку е изненадувачки што има пријавено хибридни случаи на оваа птица со птицата од сестринскиот род Actitis, речната тринга.

Опис

 src=
Со перје вон сезона на парење

Шарената тринга е малку подебелка крајбрежна птица, со темно зеленикавокафено перје одозгора и на крилјата, сивкавокафени глава и гради, а одоздола е бела. На грбот има бели точки во различен обем, најмногу кога е во сезона на парење, а најмалку вон сезона на парење и кај младенчињата. Нозете и краткиот клун се темно зелени. Долги се 21—24 см, тежат од 50 до 80 г, а имаат распон на крилјата од 41 до 46 см.

Воочливи и карактеристични се во лет, со крилја темни горе и долу и брилијантно бели задници. Во лет има карактеристична тринотна свирка.

Распространетост и однесување

Шарената тринга се размножува низ субарктичка Европа и Азија и е птица преселничка која зимува во јужна Европа, Индија, југоисточна Азија и тропска Африка. Презимува и во Македонија. Се храни со мали без'рбетници кои ги собира од површината на калта и тоа го прави постојано на бреговите од езерцата што ги одбира за живеење. Не се многу дружељубиви, но може да се сретнат повеќе птици на едно место ако има доволно храна. Ова е птица на слатките води која живее на места ограничени за другите мочварки, зашто сака да има чист поглед наоколу. Гнездото го прави на старо дрво и несе 2-4 јајца. Младенчињата го напуштаат гнездото по околу 3 недели од излегнувањето.

Статус

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Широко распространет и вообичаен, овој вид има статус на најмала загриженост.[1].

Наводи

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Tringa ochropus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012. (англиски)
  2. Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Шарена тринга: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Шарената тринга (науч. Tringa ochropus) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Оваа птица ја претставува древната лоза на родот tringa, а нејзин единствен близок жив роднина е осамената тринга ( Т solitaria). Тие и двете имаат кафеави крилја со малку светли точки и прошарани кафеавкави глава, врат и гради. Покрај тоа, овие два вида гнездото го сместуваат во дрвјата, за разлика од повеќето други мочварки кои ги несат јајцата на земја.

Со оглед на нејзината основна позиција во родот на трингите, малку е изненадувачки што има пријавено хибридни случаи на оваа птица со птицата од сестринскиот род Actitis, речната тринга.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages