Колибри (Trochilidae) се фамилија птици кои се блиски со сродните фамилии на вистинските чиопи (Apodidae) и на чубастите чиопи (Hemiprocinidae), сите заедно влегуваат во заеднички ред на чиопите (Apodifoemes). Одредени автори ги издојуваат колибрите во сопствен ред. Семејството на колибрите има повеќе од 100 родови и околу 330-340 видови.
Колибрите се многу мали птици. Најмалите колибри кои истовремено се најмал вид на птици воопшто, Mellisuga helenae, заедно со клунот и пердувите на опашката се долги само 6 cm. Најголем вид е Patagona gigas, а големи се околу 25 cm. Поголемиот број колибри имаат шарени пердуви, по правило со метален сјај.
Колибрите имаат многу голема фрекфенција на замавнување со крилјата, дури до 80 замавнувања во секунда. Тоа им овозможува лет на страна и на назад,[1] а может да лебдат во воздухот во едно место. Уште една особина на колибрите е што имаат осум пара ребра, другите птици имаат по шест. Срцето им работи од 400 до 500 удари во минута, дури и кога одмараат, а највисокиот отчукај на срцето е измерен на 1260 удари во минута. Бројот на вдишувања во минтуа им е 250. Додека спијат, драстично им се смалува фрекфенцијата на удари на срцето.