Малиот лебед (Cygnus bewickii) живее и во Македонија.
Малиот лебед го добил своето име во 1830 година од Вилијам Јарел според бакрорезецот Томас Бевик, чиjа специјалност била илустрација на птици и животни.[2]
Возрасните единки на овој лебед можат да достигнат должини од 115 до 150 cm, со распон на крилјата од 168 до 211 cm, и тежина од 3.4 до 9.6 kg.[3][4] Пердувите на возрасните единки се целосно бели, со црни нозе, клун кој во најголем дел е црн, со розова шара која се протега по должината на усните. Нивните очи се темно-кафени. Женките не се разликуваат во изглед со машките единки, но се малку помали.[5][6]
Помладите единки имаат еднаков дел бели и сиви пердуви, од кои поголемиот дел се наоѓаат на главата и горниот дел од вратот. За време на нивното прво лето, поголемиот дел од нивните перуви побелуваат, а за време на нивната втора зима се митарат додека не ја добијат бојата на возрасните. Нивните клунови се слични по изглед со возрасните единки, а нивните нозе се темно-сиви со розова нијанса.[6]
Малиот лебед е вид птица која се изведува во Арктикот, каде што населува плитки поточиња, езера и реки. Овие птици се преселници. За време на преселбата, Малиот лебед може да достигне височина од 8 километри.[се бара извор]
Пристигнуваат на местото за размножување во средината на месец Мај, и заминуваат кон нивните зимски живеалишта кон крајот на Септември, каде што пристигнуваат во средината на Октомври.[5][6]
Во летниот период, се хранат со водна вегетација. Glyceria, Zostera. Се хранат нурнувајќи ја главата под вода. Можат да јадат и трева која што расте на сува земја. Останатиот период од годината се прехрануваат со житни продукти и други видови на растенија како компири, кои завземаат поголем дел од нивното "мени".[5][6]
Малиот лебед се пари доцна во пролет. Живеат моногамно, се додека еден од партнерите не умре. Во случај на смрт на еден од партнерите другиот нема да бара партнер неколку години, дури и цел живот. Сезоната на гнездење започнува при крајот на Мај. Парот гради големо гнездо од растенија во форма на насип, блиску до отворени води, бранејќи голема територија околу него. Женката несе и одгледува од 3 до 7 јајца, додека мажјакот чува стража од потенцијални грабливци. Јајцата се изнесуваат по 30 дена одгледување. Младите остануваат со нивните родители за време на нивната прва преселба. Оваа врста на птици подготвени се за парење по третата година од својот живот.[5][6]
Иако бројот на Мали лебеди е стабилен, тие се сè повеќе зависни од житните продукти поради нивната зимска исхрана. Причина за ова е намалувањето на други извори на храна поради уништувањето на нивните живеалишта и загадувањето. Сепак, главната причина за смрт на возрасните единки е ловот, кој е забранет со закон.[5][6]