Црвенорак тамарин, наречен и златнорак тамарин или црвенодланкест тамарин (науч. Saguinus midas) — примат од семејството на канџестите мајмуни (Callitrichidae) наречен црвенкасто-портокаловата крзно на стапалата и шепите. Потекнува од шумовитите предели северно од Амазон во Бразил, Гвајана, Француска Гвајана, Суринам и можеби Венецуела.[2] Јужно од Амазон живеат тамарини кои немаат екстремитети во поинаква боја, и за кои се сметало дека припаѓаат на овој вид, но подоцна е утврдено дека се работи за видот црн тамарин.
Примероци од ова животно може да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[4]
Ова животно е долго 20,5-28 см без опашката, а 31-44 см со неа. Тежи 400-550 г. Живее околу 10 години во дивина и 16 во заробеништво.
Живее во групи од 4 до 15 единки кои меѓусебно соработуваат дотолку што во рамките на групата нема конкуренција, дури ни меѓу мажјаците. Кога ќе дојде сезоната, во групата се пари само една женка, а другите го потиснуваат инстинктот. Бременоста трае 140–170 дена и се раѓаат обично по две младенчиња. За мајмунчињата претежно се грижи таткото, и ги дава на мајката само на цицање, но во негата помага целата група. Најголем приоритет на групата е безбедноста, и кога една единка е во неволја, цела група доаѓа на припомош. Црвеноракиот тамарин е територијално животно и знае да биде агресивен, со остри очници и канџи на сите прсти освен на палците на нозете.
Имаат исклучителни искачувачки способности и највеќе време проведуваат на ползавците и гранките на дрвјата. Се одликуваат со голема брзина и подвижност, како и способност за скокање на земја од високо (до 18 м) без да се повредат. Се хранат со плодови, цветови, инсекти, жаби, пајаци, гуштери и нектар.[2] Природни непријатели им се малите мачки, грабливите птици и змиите.
Територијата на црвеноракиот тамарин се шири за сметка на онаа на двобојниот тамарин, истиснувајќи го по пат на меѓувидова конкуренција.[5][2]
|accessdate=
(помош) Црвенорак тамарин, наречен и златнорак тамарин или црвенодланкест тамарин (науч. Saguinus midas) — примат од семејството на канџестите мајмуни (Callitrichidae) наречен црвенкасто-портокаловата крзно на стапалата и шепите. Потекнува од шумовитите предели северно од Амазон во Бразил, Гвајана, Француска Гвајана, Суринам и можеби Венецуела. Јужно од Амазон живеат тамарини кои немаат екстремитети во поинаква боја, и за кои се сметало дека припаѓаат на овој вид, но подоцна е утврдено дека се работи за видот црн тамарин.
Примероци од ова животно може да се видат во Зоолошката градина во Скопје.