Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.
Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.
Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς - „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.
Во последно време има многу истражувања за дејството на есенцијалните масла во босилекот. Научните студии утврдиле дека состојките на маслото од босилек имаат силно антиоксидантно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби.[1][2][3][4]
Покрај тоа, босилекот го намалува таложењето на плочкасти клетки кај глувците, што значи дека можеби делува и против артериосклерозата.[5] Во Индија, босилекот традиционално се користи како дополнителен лек против стрес, астма и дијабетес.[6]
Од друга страна, познато е дека босилекот содржи естрагол кој е познат канцероген кај глувците, но дејството кај човекот сѐ уште не е познато.[7]
Босилокот е присутен како тема во народното творештво, во литературата и во популарната култура:
|accessyear=
ignored (помош); Check date values in: |accessdate=
(помош) Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.
Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.
Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς - „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.
Забрзана снимка на растот на босилекот