Јастребовидни (науч. Accipitriformes) — предложен и делумно прифатен ред што ги опфаќа највеќето грабливи птици што ловат дење: јастребите, орлите, мршојадците и разни други птици (вкупно 225 вида). Долго време во минатото, овие птици се вбројувале во соколите, во состав на редот соколовидни (Falconiformes),[1][2][3][4] но неодамнешните испитувања на ДНК укажуваат на тоа дека соколите не се во блиско сродство со јастребовидните, туку се поблиски на папагаловидните и врапчевидните.[5] Оваа одвојување денес е усвоено од Меѓународниот орнитолошки конгрес (IOC)[6], како и комисиите за класификација на јужноамериканските и северноамериканските птици (SACC и NACC),[7][8] на Американскиот сојуз на орнитолозите,[9]
Согласно класификациите на NACC и IOC, во редот влегуваат и американските мршојадци.[10][7] SACC ги става овие мршојадци во свој ред.[8] Оваа дилема постои уште од 1990-тите години. Статијава се води по класификацијата на првоспоменатите два органа.
За јастребовидните се знае дека постојат уште од средниот еоцен (од можниот базален род Masillaraptor од Меселската Јама)[11] и обично имаат остри свиени клунови со месести кожурки на основата, во кои се сместени ноздрите. Крилјата им се долги и прилично широки, погодни за едрење по воздухот.
Имаат силни нозе и стапала, опремени со канџи и спротиставена задна канџа. Речиси сите членови на редот се месојадни. Пленот го ловат денски или на самрак и имаат остар вид. Живеат многу долго и имаат ниски стапки на размножување.
Пилињата имаат долга предлетна фаза, а по првиот лет остануваат во гнездото уште 3–8 недели. Полова зрелост достигнуваат дури по 1 до 3 години, како возрасни единки. Половите значително се разликуваат: женката понекогаш е преку два пати потешка од мажјакот. Овој полов диморфизам е доведен до крајност кај птицојадите како вистинскиот јастреб (Accipiter), а речиси не постои кај мршојадците. Птиците од овој ред по правило се моногамни, што значи дека до смена доаѓа само ако едниот умре.
Јастребовидните се едни од најразнообразните редови на птици по големина. Разликите се јасно воочливи ако се споредат малите јастереби со најголемите мршојадци, и нешто поголемиот андски кондор (веројатно најголемата летечка птица на светот), ако не се бројат американските мршојадци.
Ред јастребовидни (Accipitriformes)
|archivedate=, |accessdate=
(помош)
|coauthors=
(помош); Check date values in: |accessdate=
(помош)
Јастребовидни (науч. Accipitriformes) — предложен и делумно прифатен ред што ги опфаќа највеќето грабливи птици што ловат дење: јастребите, орлите, мршојадците и разни други птици (вкупно 225 вида). Долго време во минатото, овие птици се вбројувале во соколите, во состав на редот соколовидни (Falconiformes), но неодамнешните испитувања на ДНК укажуваат на тоа дека соколите не се во блиско сродство со јастребовидните, туку се поблиски на папагаловидните и врапчевидните. Оваа одвојување денес е усвоено од Меѓународниот орнитолошки конгрес (IOC), како и комисиите за класификација на јужноамериканските и северноамериканските птици (SACC и NACC), на Американскиот сојуз на орнитолозите,
Согласно класификациите на NACC и IOC, во редот влегуваат и американските мршојадци. SACC ги става овие мршојадци во свој ред. Оваа дилема постои уште од 1990-тите години. Статијава се води по класификацијата на првоспоменатите два органа.