dcsimg

Сина патка ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Сината патка (науч. Hymenolaimus malacorhynchos) е птица од Нов Зеланд, член на фамилијата Патки. Таа е единствен член на родот (Hymenolaimus). Маорскиот збор за оваа птица е фио (whio), што е впрочем имитација на крикот што го испуштаат мажјаците. Младото се раѓа со зелен клун, но оваа боја трае само 8 часа и подоцна клунот ја добива конечната боја.

Птицата е долга 54 см и претставува ендемски вид во Нов Зеланд. Се гнезди во шупливи трупци, мали пештери и други засолнети места. Оваа патка живее во брзите планински реки. Плива одлично, дури и наспроти силни водни струи, но нерадо лета. Иако тешко се наоѓа, не е особено плашлива при контакт.

Сината патка е сива со костенливи дамки на градите и посветол клун и очи. Кај врвот на розово-белиот клун од страните висат месести кожинки. Крикот на мажјакот е налик на грлено свирење, а женката пак завива со кркотење.

Ова е мошне локализиран вид кој денес е загрозен бидејќи е плен на донесените цицачи како ласиците. Сината патка се храни со без‘рбетници, но со нив се храни и донесената речна пастрмка, па така се намалуваат расположивите залихи. Птицата страда и од преградувањето на реките со брани за хидроенергија. Служба за заштита на природата на Нов Зеланд работи на програми за повраќање на овие птици во своите автхтони живеалишта како подрачјето на реката Опарара на Западното Крајбрежје на Нов Зеланд и Милфордската патека во националниот парк Фјордленд во регионот Фјордленд. [1].

Занимливости

Сината патка е претставена на опачината (реверсот) на банкнотата од 10 новозеландски долари.

Фусноти

  1. Служба за заштита на природата: Спас за птицата фио на реката Опарара (англиски)

Наводи

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages

Сина патка: Brief Summary ( 馬其頓語 )

由wikipedia emerging languages提供

Сината патка (науч. Hymenolaimus malacorhynchos) е птица од Нов Зеланд, член на фамилијата Патки. Таа е единствен член на родот (Hymenolaimus). Маорскиот збор за оваа птица е фио (whio), што е впрочем имитација на крикот што го испуштаат мажјаците. Младото се раѓа со зелен клун, но оваа боја трае само 8 часа и подоцна клунот ја добива конечната боја.

Птицата е долга 54 см и претставува ендемски вид во Нов Зеланд. Се гнезди во шупливи трупци, мали пештери и други засолнети места. Оваа патка живее во брзите планински реки. Плива одлично, дури и наспроти силни водни струи, но нерадо лета. Иако тешко се наоѓа, не е особено плашлива при контакт.

Сината патка е сива со костенливи дамки на градите и посветол клун и очи. Кај врвот на розово-белиот клун од страните висат месести кожинки. Крикот на мажјакот е налик на грлено свирење, а женката пак завива со кркотење.

Ова е мошне локализиран вид кој денес е загрозен бидејќи е плен на донесените цицачи како ласиците. Сината патка се храни со без‘рбетници, но со нив се храни и донесената речна пастрмка, па така се намалуваат расположивите залихи. Птицата страда и од преградувањето на реките со брани за хидроенергија. Служба за заштита на природата на Нов Зеланд работи на програми за повраќање на овие птици во своите автхтони живеалишта како подрачјето на реката Опарара на Западното Крајбрежје на Нов Зеланд и Милфордската патека во националниот парк Фјордленд во регионот Фјордленд. .

許可
cc-by-sa-3.0
版權
Автори и уредници на Википедија
原始內容
參訪來源
合作夥伴網站
wikipedia emerging languages