Двоточкаста бубамара (Adalia bipunctata) е месојаден[1] тврдокрилец од семејството бубамари. Живее во западна и централна Европа, како и во Северна Америка, но нивниот број е многу опаднат во бројни држави и окрузи. Најчесто се увезува како агент за биолошка контрола.
Двоточкастата бубамара е една од многуте видови што првично ги опишал Лине во неговото дело Система Натура од 18 век, со првичното име Coccinella bipunctata.[2] Името го добила е од латинското bi- „две“, и punctata „точки“.[3] Името може да се напише и како Adalia 2-punctata во зависност од изборот на авторот.
Двоточкастата бубамара е мала бубачка која може да има црвени и црни форми. Некои форми се слични на друг вид бубамара (Mulsantina picta), но двете бели точки на главата лесно ги разликуваат. Покрај тоа, двоточкастата бубамара е целосно црна на вентралната површина и има црни нозе, што помага да се исклучат сите други видови.
Најпозната форма на двоточкастата бубамара, формата типика со две црни точки на црвена основа, е вообичаена низ сите земји. Црна со 4 или 6 црвени точки е невообичаена, но не и ретка, додека вистинската меланистичка форма пурпуреа е премногу ретка. Во Северна Америка видот покажува најголема варијација, со неколку форми што не се појавуваат на друго место, вклучувајќи форма без точки, форма со четири линии, форма со 9-12 забележливи точки и „вкрстена“ форма. Покрај тоа, постојат средни форми како што се annulata, но тие се јавуваат ретко.[4]
Двоточкастата бубамара се храни со лисни вошки и други мали инсекти.[1] [4] [5] Сепак, стерилните војници во рамки на колониите на лисните вошки, (како на пример Pemphigus spyrothecae), можат да се обидат да ја заштитат својата колонијата, борејќи се со овој вид бубамари.
Животниот циклус на двоточкастата бубамара започнува од јајце.[1] [5] Ларвата излегува од јајцето со гризење на дупка во него. Ларвата изгледа многу различно од возрасна единка: има издолжено, сиво, меко тело со шест нозе, но нема крилја. Тие се канибалисти. Ларвата минува низ четири фази: со јадење расте и во одреден момент ја исфрла својата стара кожа и се појавува во нова во која може да порасне повеќе. Последната фаза е приближно со големина на возрасна бубачка. Откако доволно ќе се нахрани, ларвата се претвора во кукла, во чија внатрешност се развива возрасната единка. Конечно, возрасната единка излегува од куклата.
Кај некои популации, поголемиот дел од бубачките се женки. Кај овие популации, 80-90% од потомците се женски. Причината за оваа аномалија е присуството на симбиотски бактерии кои живеат во рамките на гаметичките клетки на женските бубамари. Бактеријата е преголема за да живее во машките гамети (спермата), така што бактеријата може да се пренесе на следната генерација само преку женски гамети. Ако навлезе кај машка бубамара, ќе умре кога бубачката ќе умре. Затоа, ги убива повеќето машки ембриони во новопоставените јајца. Овие мртви ембриони потоа служат како храна за нивните сестри кои излегуваат од јајцата. Оваа особина е поврзана со различни бактерии (Wolbachia, [6] Rickettsia, [7] Spiroplasma [8]).
Двоточкастата бубамара носи и сексуално пренослива инфекција во Централна и Источна Европа. Инфекцијата е ектопаразитски грини (Coccipolipus hippodamiae) која се пренесува меѓу машки и женски за време на пaрењето.[9] Инфекцијата ги стерилизира женските двoточкасти бубамари, а во некои периоди од годината, до 90% од возрасните единки се заразуваат.
Двоточкастата бубамара се користи како локализиран агент за биолошка контрола против лисните вошки. Двоточкастата бубамара била донесена во Австралија, специјално како агент за биолошка контрола.[10]
Двоточкаста бубамара (Adalia bipunctata) е месојаден тврдокрилец од семејството бубамари. Живее во западна и централна Европа, како и во Северна Америка, но нивниот број е многу опаднат во бројни држави и окрузи. Најчесто се увезува како агент за биолошка контрола.