Сомови (науч. Siluridae) — семејство риби од родот на сомовидните (Siluriformes). Припаѓаат во најголемите слатководни риби во Европа.
Сомовите, обично се долги од 1.3-1.6 м и тешки 15-20 кг, иако во минатото биле ловени и многу поголеми примероци. Најчесто живеат при дното на големи, бавни реки и во езера. Деновите ги поминуваат скриени во дупки на дното, каде што се тешко забележливи благодарејќи на бојата. Околу устата имаат два долги и четири покуси мустаќи кои им помагаат во барањето на храната. Кожата им е мазна и не заштитена со крлушки, а препознатливи се и по малата и мошне долга подопашна перка. Видот им е прилично слаб, но слухот им е добро развиен.
Сомовите се воглавно грабливци меѓутоа можат да се хранат и со многу други работи како што е исхрана со органски отпадоци или пак разни паразитски врсти (кои ја цицаат крвта на други риби). Активни се ноќе кога се хранат со риби, ракови, но и со помали водни птици и цицачи.
Мажјаците на сомот ги чуваат младите кои женката ги полага во слузава, леплива обвивка. Сомот е една од рибите кои рибарите со задоволство ги ловат, а често се приготвува како јадење.
Сомови (науч. Siluridae) — семејство риби од родот на сомовидните (Siluriformes). Припаѓаат во најголемите слатководни риби во Европа.