Степски удав или песочница (науч. Eryx jaculus) — вид на змија од фамилијата удави (Boidae).[1][2] Ова е типски вид на родот вистински песочни удави (Eryx).
Живее во Источна и Југоисточна Европа, на Кавказ, на Блискиот Исток и во Африка. Ова е единствениот вид од фамилијата удави (Boidae) што живее во Македонија.[3]
Змијата расте во должина до 80 см. Боите во голема мера се разликуваат. Во задниот дел се сивкасти, свелокафеави, кафеави или црвеникави, со потемни дамки или црти во неправилен мрежест распоред. Обично има темна линија од очите до аголот на устата. Од долната страна е белузлава или жолтеникава. Телото ѝ е набиено и има кратка, тапа опашка. Стомачниот појас дел е многу тесен, помалку од 1⁄3 од ширината на телото.[4] Челниот дел е голем и широк со аглест хоризонтален раб. Очите се одвоени од уснените лушпи со два реда на ситни лушпи. Горните уснени крлушки се 10-14 на број. Задните лушпи се распоредени во 40-50 реда, мазни во предниот дел на змијата, но малку засртени во задниот. Има 165-200 стомачни и 15-34 подопашни лушпи.[5]
|accessdate=
(помош) (англиски) Степски удав или песочница (науч. Eryx jaculus) — вид на змија од фамилијата удави (Boidae). Ова е типски вид на родот вистински песочни удави (Eryx).