dcsimg

Цуцулеста сипка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Цуцулестата сипка (латински: Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од фамилијата Сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Цуцулестата сипка ја има и во Македонија. Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.

Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан За снимкава пој ци, ци, ци“, сличен на појот на еловата сипка.

Оваа птица се гнезди во дупки на гнили пенушки. Честопати се храни долу ниско во дрвјата и, иако не е повлечена, не секогаш може да ѝ се пријде лесно. Зиме се придружува во јата со сипки од други видови.

Како и други сипки, оваа сипка се храни со инсекти, гасеници и семки.

Занимливости

Цуцулестата сипка е еден од симболите на шведската покраина Вестманланд.

Наводи

  1. BirdLife International (2004). Parus cristatus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2006. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 12 мај 2006. Check date values in: |accessdate= (помош) (англиски)

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Цуцулеста сипка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Цуцулестата сипка (латински: Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од фамилијата Сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Цуцулестата сипка ја има и во Македонија. Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.

Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан За снимкава пој „ци, ци, ци“, сличен на појот на еловата сипка.