dcsimg

Болдо ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Болдо е ниско дрво или грмушка што расте во аридните подрачја од Чиле. Иако растението е воведено и во Европа и Северна Африка, не може да се види често надвор од ботаничките градини.

Болдото содржи алкалоиди од апорфински тип, од кои најзначаен е болдинот. Листот од болдо содржи и 2-4% етерично масло. Главни состојки се: аскаридол (16-38%), 1,8-цинеол (11-39%) и p-цимен (9-29%).

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија