Нилските коњи спаѓаат во фамилијата Hippopotamidae. Тие се единствените преживеани животни од редот Artiodactyla (животни кои одат на 4 прсти на секое стапало).
Нилските коњи се големи цицачи, со кратки набиени нозе и тркалезно тело. Имаат големи глави, со широка уста, и ноздри поставени на врвот од муцката. Како и свињите, имаат 4 прсти, но за разлика од свињите, овие животни ги користат сите 4 прсти за одење. Желудникот им е поделен на 3 комори, но не спаѓаат во вистинските преживари.
Сите преживеани видови се со мазна кожа, немаат лојни и потни жлезди. Епидермот е релативно тенок поради што нилските коњи многу брзо дехидрираат ако се во сува околина[1].
И секачите и песјаците се големи и слични како забите на слоновите. Овие издадени песјаци растат преку целиот живот. Постпосјаците се големи и комплексни, адаптирани за џвакање на растенијата со кои се хранат овие животни. Бројот на секачите варира дури и меѓу индивидуите на ист вид.
Членовите на оваа фамилија се потомци на фамилијата Anthracotheriidae, фамилија на полу-водни животни кои живееле за време на доцниот еоцен, и кои личеле на нилски коњи со мали глави. Денешната фамилија Hippopotamidae се одвоила за време на миоценот. После појавата на вистинските нилски коњи, членовите на Anthracotheriidae почнале да изумираат како последица на климатските промени и на конкуренцијата со нивните потомци. Последниот ред Merycopotamus, умрел во Африка во раниот плиоцен.
Во минатото имало голем број на различни видови од оваа фамилија, меѓутоа денес има само 2 преживеани видови: Hippopotamus amphibius и Choeropsis liberiensis. Тие се последните потомци на 2 еволуциски гранки – вистинските нилски коњи и пигмејските нилски коњи.
Kenyapotamus кој живеел во миоценот, е недоволно познат за да може со сигурност да се вклучи во оваа фамилија. Родот Hexaprotodon, е ограничен на изумрени видови кои живееле околу северот и североистокот на индискиот океан.
Класификацијата и таксономијата се според последните истражување на Боасери (Boisserie) во 2005 година[2].
Нилските коњи спаѓаат во фамилијата Hippopotamidae. Тие се единствените преживеани животни од редот Artiodactyla (животни кои одат на 4 прсти на секое стапало).
Нилските коњи се големи цицачи, со кратки набиени нозе и тркалезно тело. Имаат големи глави, со широка уста, и ноздри поставени на врвот од муцката. Како и свињите, имаат 4 прсти, но за разлика од свињите, овие животни ги користат сите 4 прсти за одење. Желудникот им е поделен на 3 комори, но не спаѓаат во вистинските преживари.
Сите преживеани видови се со мазна кожа, немаат лојни и потни жлезди. Епидермот е релативно тенок поради што нилските коњи многу брзо дехидрираат ако се во сува околина.