Чубриката или чубрица[1] (науч. Satureja) е род на ароматични растенија од семејството на [усноцветни]]те (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.
Овие растенија потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и полугрмушки, со висина од 15–50 см.
Листовите се долги 1-3 см. Цветови се распоредени кружно околу стебленцето, а по боја се бели до розово-виолетови.
Чубриката е храна за ларвите на некои видови пеперутки и молци. Гасениците на молецот Coleophora bifrondella се хранат исклучиво со планинската чубрика (S. montana).
Покрај ова, растенијата се одгледуваат и за украс, при што бараат сончевина и добро исцедена почва.
Како ендемска во Македонија се јавува Адамовиќевата чубрика (Satureja adamovicii), и тоа само во клисурата на реката Раец.[2]
Градинарската и планинската чубрика се користат како додаток во кулинарството. Позастапена во кујните е градинарската, но ја има само на лето. Планинската чубрика е зимзелена и расте повеќе години.
Градинарската чубрика се користи како зачин во традиционалната македонска кујна, за добивање на додатоци како „к’цана сол“ и како додаток во грав. Во Италија е присутна исто така како додаток за гравот, во романската кујна е застапена како зачин за сарми, во манџите во француската кујна.
Од S. douglasii или јерба буена (шпан. yerba buena = „добра билка“) на западот на САД се прави билен чај.
Чубриката или чубрица (науч. Satureja) е род на ароматични растенија од семејството на [усноцветни]]те (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.